18/11/2026 14:21
•
Posted by: MK News
Кандидатот за претседател на српското Собрание Александар Чупиќ беше испофален дека поседува античка убавина и високи морални вредности од страна на пратеникот на Студентската листа, Југослав Гашиќ, на конститутивната седница на која Чупиќ треба да се избере за функцијата претседател на парламентот. – Неговата целосна личност претставува живо отелотворување на античкиот идеал на калокагатија. Совршено […]
______________________________________________________________________________________________________
18/11/2026 09:19
•
Posted by: MK News
Австралискиот град Мелбурн официјално ѝ се извини на македонската заедница во Австралија поради забраната за истакнување на знамето со сонцето од Кутлеш на овогодишната парада на фестивалот Мумба (Moomba). Истовремено, за 2027, македонската заедница е поканета да учествува на манифестацијата со користење и на ова знаме, објави грчкиот медиум „Неос Космос“. Градските власти заклучиле дека, […]
______________________________________________________________________________________________________
17/11/2026 20:15
•
Posted by: MK News
Со новиот електронски систем надлежните органи ќе можат со еден клик да проверат дали возилото има важечка регистрација и осигурување, дали е технички исправно и колку загадува. Ова се дел од измените на Законот за возила што ги предложи Владата, а кои веќе се пред пратениците. Сите возила ќе добијат налепници со идентичен изглед, без […]
______________________________________________________________________________________________________
17/11/2026 10:02
•
Posted by: MK News
Основниот суд во Охрид му одреди 30-дневен притвор на 31-годишниот Кристијан Корабоски, осомничен за физички напад врз неговата 26-годишна партнерка Сара Ѓ. Против него се води постапка за три кривични дела: телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста. Според информациите од Обвинителството, при вршење семејно насилство, осомничениот наводно противправно ја затворил партнерката, […]
______________________________________________________________________________________________________
16/11/2026 17:53
•
Posted by: MK News
Премиерот Христијан Мицкоски упати остра осуда за нападот врз младата девојка во Охрид, изразувајќи поддршка до нејзиното семејство и порача дека институциите ќе направат сè што е во нивна надлежност случајот да биде целосно расчистен, а сторителот да одговара пред законот. ,, Ова мое денешно обраќање требаше да биде на сосема поинаква тема, да зборуваме […]
______________________________________________________________________________________________________
16/11/2026 11:40
•
Posted by: MK News
Кривична пријава против насилникот од Охрид, кој ја претепа неговата девојка и ѝ нанесе тешки телесни повреди СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.К.(31) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 3 од Кривичниот законик.На 15.11.2026 околу 02:00 часот, по претходна расправија која започнала […]
______________________________________________________________________________________________________
16/11/2026 10:03
•
Posted by: MK News
Ирена Ѓорѓиевска, мајка на брутално претепаната девојка од Охрид, преку социјалните мрежи испрати порака до јавноста, апелирајќи за безбедноста на својата ќерка ,, Како мајка и родител, чувствувам потреба јавно да се обратам во името на мојата ќерка Сара, која сè уште се наоѓа во болница. Таа, наместо да се грижи за своето здравје и […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2026 22:40
•
Posted by: MK News
Крвнички претепана девојка била оставена без свест на улица во Охрид, по што итно била пренесена во болница. Според информациите, девојката била тепана сè додека не паднала во бессознание, по што била исфрлена од автомобилот и оставена на улица пред маркет. За случајот, полицијата го лиши од слобода 31-годишниот Х.К. од Охрид. Според досегашните информации, […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2026 11:42
•
Posted by: MK News
Унгарските власти заплениле огромно богатство во рамки на истрага за примање мито против поранешен министер од владата на Виктор Орбан. Дел од парите биле закопани во шуми, а дел сокриени во магацини, стопански објекти и станбени простории. Речиси 17 милиони евра во готовина откриле унгарските истражители во голема антикорупциска акција, во рамки на истрага против […]
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2026 23:01
•
Posted by: MK News
Федералната администрација за воздухопловство (FAA) ги приземји сите летови во Соединетите Американски Држави. Во официјалното соопштение како причина се наведуваат „вонредни околности и безбедносни причини“. Точната причина за целосното запирање на сообраќајот сè уште не е позната. Портпарол на FAA потврди дека постојат проблеми со комуникацијата што влијаат врз центрите за контрола на воздушниот сообраќај […]
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2026 19:51
•
Posted by: MK News
Бројот на заболени од дијабетес се зголемува, а раната дијагноза на дијабетесот, редовното мерење на шеќерот во крвта, редовното земање терапија и современиот третман, како и здравиот начин на исхрана и физичката активност, се клучни за спречување на компликациите од болеста. – Во државата има 135.000 лица со дијабетес, од кои 4.000 се со тип […]
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2026 15:17
•
Posted by: MK News
Најмалку три пријавени кривични дела поврзани со семејно насилство дневно се регистрираат во Македонија, но најновите податоци на Министерството за внатрешни работи покажуваат дека проблемот е многу посериозен. Само во првите десет месеци од 2026 година биле пријавени 1.897 случаи на семејно насилство, што е зголемување од 70 отсто во споредба со истиот период лани, […]
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2026 09:24
•
Posted by: MK News
Клучните услуги на технолошкиот гигант „Мајкрософт“, меѓу кои „Аутлук“ и „Тимс“, вчера беа во прекин околу десет часа, предизвикувајќи сериозни нарушувања во работењето на голем број компании и државни институции ширум светот. Најпогодени беа функциите од пакетот „Мајкрософт 365“ кои зависат од платформата „Ексчејнџ онлајн“, а платформата „Даундетектор“ регистрираше над 130 илјади пријави за проблеми […]
______________________________________________________________________________________________________
10/11/2026 09:00
•
Posted by: MK News
Постојат малку јавно достапни информации за Алис Хуанг – жената која, наводно развила однос со лидерот на „Nvidia“, Џенсен Хуанг Американските власти дошле до заклучок дека таа, всушност, била и шпион на Пекинг, која одржувала љубовна врска со Џенсен Хуанг, извршниот директор на „Nvidia“ – компанија за чипови која е клучна за американските амбиции да […]
______________________________________________________________________________________________________
10/11/2026 08:42
•
Posted by: MK News
Авион со руска делегација синоќа слета во Абу Даби, каде што треба да се одржат трилатерални разговори меѓу претставници на Русија, САД и Украина, јавува агенцијата РИА Новости. Руската делегација ја предводат помошникот во Кремљ, Владимир Медински, и замениците министри за надворешни работи, Сергеј Рјабков и Михаил Галузин, соопшти претходно Кремљ. Во делегацијата се и […]
______________________________________________________________________________________________________
09/11/2026 19:18
•
Posted by: MK News
РЦУК – Скопје, известува дека кај Бит Пазар гори куќа и во моментот БППЗ на Град Скопје интервенираат со 6 ПП возила. Поради зафатеноста на пожарникарите подетални информации ќе добиеме подоцна“, велат од ЦУК Како што објави прес 24 горат магацини, а повредени лица нема. Телевизија Алсат објави и видео : https://www.instagram.com/reel/Dfhyl2cETtI/?psln=MWR6aW9zZmF4ZXZtNg==
______________________________________________________________________________________________________
09/11/2026 13:16
•
Posted by: MK News
Премиерот Христијан Мицкоски е оптимист дека Алта банка ќе биде спасена од стечај и дека наскоро ќе добие нов сопственик. Тој денеска изјави дека изминатите денови лично бил ангажиран во изнаоѓање решение за банката и очекува нејзино преземање од друга финансиска институција. „Голем оптимист сум дека ќе имаме финансиска институција, банка, која ќе биде сопственик […]
______________________________________________________________________________________________________
09/11/2026 11:01
•
Posted by: MK News
Од 1 декември започнува примената на нови правила за одобрување боледување, со кои се скратува периодот во кој матичниот лекар може да одобри отсуство без дополнителни дијагностички критериуми. Наместо досегашните седум, тој период ќе изнесува пет дена, а за продолжување ќе бидат потребни дополнителни испитувања или специјалистички прегледи, во зависност од здравствената состојба на пациентот. […]
______________________________________________________________________________________________________