21/10/2026 10:41
•
Posted by: MK News
Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) укажува на ризик од дополнително влошување на снабдувањето со храна. Во меѓувреме, анализата на Европската централна банка (ЕЦБ), објавена на 20 октомври, посочува дека привидното забавување на инфлацијата не значи и крај на ценовниот притисок кај храната. Храната повторно ќе поскапи – предупредува ЕЦБ Граѓаните би […]
______________________________________________________________________________________________________
21/10/2026 09:37
•
Posted by: MK News
Надзорни камери на повеќе од 200 локации низ Скопје треба да помогнат во спречувањето на создавањето диви депонии и уништувањето на јавната урбана опрема. Градот ја чека конечната согласност од Агенцијата за заштита на личните податоци, по што треба да започне поставувањето на камерите на критичните точки. Ова го најави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, […]
______________________________________________________________________________________________________
21/10/2026 08:33
•
Posted by: MK News
Ноќта меѓу сабота и недела, на 25 октомври 2026 година, започнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовниците ќе се поместат еден час наназад. Промената ќе се случи во недела во 3 часот по полноќ, кога часовниците ќе се вратат на 2 часот. Со тоа завршува периодот на летно сметање на времето, а зимскиот режим […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2026 18:04
•
Posted by: MK News
Штета од речиси 11 милиони денари по основ на казнена камата ѝ била нанесена на АД „Пошта на Северна Македонија“, поради непостапување по одлуки за исплата на долгови кон две правни лица. За случајот, Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава против поранешниот генерален директор на државната пошта, Ј.М., поради сомнение за злоупотреба на службената […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2026 10:39
•
Posted by: MK News
„Од денес достапни за граѓаните. Почнува реализацијата на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила во македонското здравство”. Ова на Фејсбук и Инстаграм го објави премиерот Христијан Мицкоски и објави видео од амбулантните возила. Видеото може да го погледнете – Instagram https://www.instagram.com/reel/DetJIAZtIU_/?utm_source=ig_web_copy_link&exln=MzRlODBiNWFlZA%3D%3D&srtk=MzRlODBiNWFlZA%3D%3D Инаку, Мицкоски денеска ќе присуствува на промоцијата на проектот за набавка на 100 нови амбулантни […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2026 09:40
•
Posted by: MK News
За дел од осигурениците со бенефициран стаж од денес започнува важен рок што директно се однесува на нивното идно пензиско осигурување. До 20 јануари 2027 година тие треба писмено да се изјаснат дали сакаат да го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд, односно во вториот пензиски столб. Доколку не достават изјава во предвидениот рок, членството […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2026 08:44
•
Posted by: MK News
Една година и седум месеци затвор е казната што Апелацискиот суд му ја одреди на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, за злоупотреба на службената положба и овластување при склучување договори за консултантски услуги поврзани со „Македонска пошта“ и „Македонски железници“, без спроведување постапка за јавна набавка, објави „Коха“. Со одлуката, Апелација наредила конфискација […]
______________________________________________________________________________________________________
19/10/2026 19:57
•
Posted by: MK News
Албанскиот премиер Еди Рама најави серија строги казнени мерки против учесниците во масовните протести во Тирана. Наместо дијалог со незадоволните граѓани, владата воведува финансиски притисок врз семејствата на демонстрантите, санкции во образованието и парични бонуси за полицијата. Преку видео-обраќање, Рама ја информираше јавноста за новите одлуки со кои родителите на приведените или идентификуваните малолетници ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
19/10/2026 15:50
•
Posted by: MK News
Промените опфаќаат две важни области од функционирањето на државните институции – контролата на трошењето јавни средства и одговорноста на вработените во администрацијата.Поголема самостојност за државните ревизори, построги критериуми за административните службеници и враќање на независноста на собраниската служба предвидуваат законските решенија што денеска ги изгласа Собранието. Со новиот Закон за државната ревизија се зајакнува независноста […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2026 13:01
•
Posted by: MK News
Повеќе од половина милион луѓе излегоа на улиците низ Франција поради сè повисоките трошоци за живот, а протестите прераснаа во насилство и грабежи, меѓу другото и во Париз. Околу 550.000 демонстранти учествувале во протестните маршеви низ Франција во саботата, вклучувајќи 110.000 во Париз, изјави министерот за внатрешни работи Лоран Нунез. На маргините на протестите, групи […]
______________________________________________________________________________________________________
17/10/2026 14:52
•
Posted by: MK News
Подводната пештера Врело во кањонот Матка испиша светска историја. Меѓународен тим спелеонуркачи достигна длабочина од 338 метри и постави три светски рекорди. Реко рдното нуркање на Полјакот Бартломиеј Питала траело девет часа, соопшти Спелеонуркачкиот клуб „Врело“. Пештерата на Матка сега е најдлабоко истражената подводна пештера во светот, според резултатите што ги објави клубот. Досегашната истражена […]
______________________________________________________________________________________________________
17/10/2026 12:02
•
Posted by: MK News
Еден тон пилешки желудници се запленети и уништени при вонредни инспекциски контроли во месарници во Струга и Охрид, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Станува збор за производ чиј увоз и употреба во производството на храна за луѓе се забранети уште во јули 2024 година. Инспекторите заплениле и уништиле и 55 килограми месни подготовки […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2026 13:20
•
Posted by: MK News
ЕДС се најде меѓу ТОП 100 компании според остварените приходи, а во рамки на својата дејност е рангирана меѓу ТОП 20 компании според приходите и бројот на вработени, според рангирањето на бонитетната агенција Таргет Груп. Овие резултати претставуваат официјална потврда за стабилноста, растот и деловната успешност на компанијата, како и за нејзината позиција на домашниот енергетски пазар. Дополнително, ЕДС е […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2026 13:00
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против девет физички и едно правно лице поради сомнежи за злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување исправа при спроведување набавки во Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според МВР, со спорните постапки на две правни лица од Скопје и Битола им била овозможена противправна имотна корист во […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2026 12:26
•
Posted by: MK News
Откако бугарските власти соопштија дека нема да ја екстрадираат Ива Михајлова во Северна Македонија, повикувајќи се на ограничувањата во бугарското законодавство и Уставот, премиерот Христијан Мицкоски најави дека случајот ќе биде покренат пред меѓународните партнери на земјата. Мицкоски посочи дека државата има на располагање механизми за дејствување на меѓународната сцена, додека истрагата за околностите под […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2026 10:37
•
Posted by: MK News
Податоците на Државниот завод за статистика за првите три месеци од 2026 година покажуваат дека 93,7 проценти од населението на возраст од 15 до 74 години користело интернет, а 81,2 процент купувале стоки или услуги онлајн во последните 12 месеци. Во првото тримесечје од 2026 година, 93,7 проценти од населението во земјава на возраст од […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2026 09:41
•
Posted by: MK News
Мотоциклист со „јамаха“ возел со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, иако на делницата максимално дозволената брзина е 80 километри на час. Полицијата го открила со специјален полициски пресретнувач, а 27-годишниот возач од Гостивар бил лишен од слобода. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил откриен на 15 октомври, во […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2026 16:47
•
Posted by: MK News
Основното јавно обвинителство Тетово поведе истражна постапка против 20-годишник од селото Голема Речица, осомничен за повеќе кривични дела поврзани со компјутерски криминал, злоупотреба на лични податоци и недозволена експлицитна содржина со деца. За него е побаран притвор поради опасност од бегство и можност да продолжи со вршење кривични дела. Станува збор за Е. А., кого […]
______________________________________________________________________________________________________