ПРИЗЕМЈЕНИ СИТЕ АВИОНИ ВО САД ПОРАДИ ,, Вонредни околности,,


Федералната администрација за воздухопловство (FAA) ги приземји сите летови во Соединетите Американски Држави. Во официјалното соопштение како причина се наведуваат „вонредни околности и безбедносни причини“.

Точната причина за целосното запирање на сообраќајот сè уште не е позната. Портпарол на FAA потврди дека постојат проблеми со комуникацијата што влијаат врз центрите за контрола на воздушниот сообраќај одговорни за управување со летовите низ целата земја.

„Воздушниот сообраќај останува суспендиран до понатамошно известување. Меѓународните летови ќе се решаваат индивидуално, од случај до случај“, се вели во предупредувањето на FAA.

Сите авиони што се во воздух се упатени кон аеродромите за да слетаат, а нема нови полетувања.

Воздушниот сообраќај во Соединетите Американски Држави последен пат беше целосно запрен во јануари 2023 година, кога падна системот за известување на пилотите. Пред тоа, таква мерка беше преземена на национално ниво дури по терористичките напади од 11 септември 2001 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1