ОТЕЛОТВОРЕНИЕ НА „АНТИЧКА ЛЕПОТА“?! фалба за кандидатот за претседател на српското Собрание


Кандидатот за претседател на српското Собрание Александар Чупиќ беше испофален дека поседува античка убавина и високи морални вредности од страна на пратеникот на Студентската листа, Југослав Гашиќ, на конститутивната седница на која Чупиќ треба да се избере за функцијата претседател на парламентот.

– Неговата целосна личност претставува живо отелотворување на античкиот идеал на калокагатија. Совршено единство на етичка убавина, внатрешна доблест и надворешно достоинство – рече Гашиќ.

– Не е Пашиќ секој што има брада – рече Вучиќ.

Калокагатија е старогрчки етички и естетски идеал кој означува хармонично единство на физичката убавина и моралната добрина.

Никола Пашиќ (1845–1926) е еден од највлијателните српски и југословенски политичари и државници на крајот од 19 и почетокот на 20 век. Тој поминал речиси четири децении на врвот на српската политика, служејќи повеќепати како премиер на Кралството Србија и на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (КСХС).

Пашиќ носел долга и густа брада, која била негов најпрепознатлив заштитен знак. Во подоцнежните години од неговиот живот и кариера, неговата долга бела брада станала симбол на неговиот авторитет и политичка мудрост.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1