Archive by Author

ОД ДЕНЕС НОВИ ПРАВИЛА ЗА ПЛАЌАЊЕ ВО БАНКИТЕ

Од денеска, 9 ноември, почнува примената на новите стандарди во домашниот денарски платен промет. Денарските сметки ќе се прикажуваат во ИБАН-формат, досегашните уплатници се заменуваат со нови платни налози, а се менуваат и шифрите за намената на плаќањата. На пример, досегашната шифра 262, за „Други неспоменати плаќања на правни субјекти“, се заменува со NOWS — […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина масовниот убиец од Краков

Дваесет и четиригодишниот Михал Оксињски, кој завчера на главниот плоштад во Краков, Полска, уби шест лица, а рани 15 други, почина рано утринава во болница од тешките повреди здобиени за време на пресметката со полицијата, потврдија локалните власти, објави Би-би-си. Нападот се случи завчера, околу 15:00 часот, кога Оксињски со својот автомобил влезе на главниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Ниту една повеќе – протест против насилството врз жените

Ниту една повеќе – протест против насилството врз жените Протестот беше организиран по убиството на 17-годишната Билјана Кириќ од Богданци, која претходно во повеќе наврати пријавувала насилство и закани по живот. На денешниот марш, од нејзина сограѓанка беше и споделено дека Билјана со недели не одела на училиште, но никој не реагирал за тоа. Нејзината […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина познатиот торакален хирург проф. д-р Зоран Спировски

Почина познатиот македонски торакален хирург и универзитетски професор д-р Зоран Спировски (1957–2026), на 69-годишна возраст. Проф. д-р Зоран Спировски беше специјалист по торакална хирургија и редовен професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во текот на својата професионална кариера ја извршувал и функцијата директор на Универзитетската клиника за торакална и васкуларна […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Полицаецот го запре напаѓачот во Краков се бори за живот

Полицаецот кој го запре осомничениот напаѓач од Краков за време на неговото ужасно дивеење, во кое загинаа најмалку шест лица, а уште 15 се повредени, моментално се бори за живот во болница. Полицијата брзо пристигнала на местото на настанот кога маж, облечен во воена опрема и вооружен со пушка, почнал да пука по луѓето на […]

______________________________________________________________________________________________________

СРАМОТА: Задушница на гробишта во Бутел ѓубре, расфрлани гранки

На денот кога голем број граѓани доаѓаат да им оддадат почит на своите починати, гробиштата во Бутел ги пречекуваат со купишта ѓубре, расфрлани дрва, гранки и кучешки измет. Расфрлани дрва, гранки, отпад и нечистотија меѓу гробните места. Наместо уреден и чист простор, луѓето кои денес дошле да им оддадат почит на своите починати ги пречекува […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина американскиот милијардер и филантроп Дејвид Рокфелер

Светот остана без еден од највлијателните финансиери и претставници на познатата семејна династија – американскиот милијардер, банкар и филантроп Дејвид Рокфелер почина во својот дом. Рокфелер беше последниот преживеан внук на легендарниот нафтен магнат Џон Д. Рокфелер, основачот на компанијата „Стандард Оил“. Низ децениската кариера, тој раководеше со банкраскиот гигант „Чејс Менхетен“ (Chase Manhattan), а […]

______________________________________________________________________________________________________

Младите заслужуваат свој дом – ослободување од комуналии за млади парови до 40 години

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави посебна мерка за полесен почеток и поддршка на младите семејства во Скопје. Со оваа мерка, младите брачни парови до 40 години и самохраните родители што сакаат да изградат свој дом ќе бидат ослободени од делот од надоместокот за уредување на градежното земјиште што му припаѓа на Град Скопје […]

______________________________________________________________________________________________________

Се подготвува закон за докупување до две години пензиски стаж

Во септември 2026 година, министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски најави законско решение што ќе овозможи докупување најмногу 24 месеци пензиски стаж. Станува збор за најавено законско решение кое треба да ја помине законската процердура за да биде усвоено. Сепак според информациите и според најавениот модел, мерката би била наменета за граѓани […]

______________________________________________________________________________________________________

ПАРИТЕ НА ИДНИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ ОД ВТОРИОТ СТОЛБ ЌЕ СЕ ВЛОЖУВААТ СПОРЕД НИВНАТА ВОЗРАСТ

Комисијата за социјална политика, демографија и млади и Законодавно-правната комисија денеска во прво читање расправаа и ги проследија во натамошна расправа предлог законите за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување. Со нив се предлага  воспоставување три вида на портфолија: растечко, балансирано […]

______________________________________________________________________________________________________

Кривична за скопјанец: на Фејсбук објавувал епизоди од серија без авторски права

Администратор на фејсбук-страница од Скопје е осомничен дека без дозвола објавувал епизоди од телевизиска серија за која ексклузивните авторски права ги поседувала телевизиска куќа. Против 46-годишниот Ј.К. се поднесени две кривични пријави, за повреда на авторско право и сродни права и за пиратерија на аудиовизуелно дело. Пријавениот Ј.К. во 2024 година како администратор на фејсбук-страница […]

______________________________________________________________________________________________________

ПРОСТЕТЕ, НО ЗА ИДЕНТИТЕТОТ И ЈАЗИКОТ НЕ РАЗГОВАРАМ! Порача претседателката Давкова од Брисел

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во своето обраќање на Самитот за проширувањето што го организираше „Еуроњуз“ во Брисел, отворено ги прозва европските институции и политичари за двојните стандарди во процесот на евроинтеграциите, нагласувајќи дека прашањата за македонскиот идентитет и јазик воопшто не се предмет на преговори. Давкова истакна дека додека од македонската страна постојано се бара „политичка […]

______________________________________________________________________________________________________

СМРТНИ ЗАКАНИ И БЕГСТВО НИЗ ПРОЗОРЕЦ – што ѝ претходело на трагедијата кај Богданци

Смртни закани, физички напад, оштетен телефон и бегство низ прозорец ѝ претходеле на трагедијата кај Богданци. На 3 октомври во запален автомобил било пронајдено тело на 17-годишна девојка, а нејзиното момче било пронајдено мртво покрај возилото. Седумнаесетгодишната Билјана Кириќ е девојката која беше пронајдена мртва во трагедијата кај Богданци, заедно со 21-годишниот Виктор Гунтаров. Според […]

______________________________________________________________________________________________________

17 годишна девојка и 21 годишно момче пронајдени мртви во Богданци

На 03.11.2026 во 18:40 часот Т.К. од Богданци пријавил дека на место викано „Ичева чешма“, Горно село во Богданци забележал опожарено паркирано патничко моторно возило, во чија близина има безживотно тело.Веднаш по пријавата полициски службеници од ПС ОН Гевгелија се упатени на местото на настанот, каде било констатирано дека во близина на опожареното возило имало […]

______________________________________________________________________________________________________

Тошковски: Возачите научија каде се камерите – воведуваме нов начин на снимање

Полициските возила ќе станат мобилни камери за откривање сообраќајни прекршоци во местата каде што нема „Безбеден град“, а новата контрола треба да почне во 2027 година, Системот „Сејф сити“ ќе се проширува и со мобилни камери поставени во полициските возила, вклучително и во цивилните. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека возила на МВР […]

______________________________________________________________________________________________________

Посвоените лица да добијат ограничен пристап до податоците за своето потеклo

Полнолетните посвоени лица да добијат право на ограничен увид во документите за своето посвојување, а посвоителите на малолетни деца да можат да добијат податоци кога постојат оправдани медицински причини. Ова го предвидува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за семејството, поднесен во Собранието од група пратеници. Предлагачи се Весна Бендевска, Бобан Карапејовски, Павле Арсоски, […]

______________________________________________________________________________________________________

Екс директорот на Лотарија Бајрами излегува од притвор со гаранција од над 1 милион евра

Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, ќе биде ослободен од притвор откако Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје ја прифати понудената гаранција во недвижен имот во вредност од 1.140.781 евро. Одлуката е донесена по барање на одбраната за замена на мерката притвор со гаранција во предметот „Лотарија“. Од Судот информираат дека, покрај прифатената […]

______________________________________________________________________________________________________

Демократите извојуваа победа на изборите во САД и најавија истраги против Трамп

Демократите ја слават својата убедлива победа на парламентарните избори во САД. Партиското раководство најавува промена на политичкиот курс, а еден пратеник веќе упати предупредување до претседателот Доналд Трамп. Демократите се на пат да ја преземат контролата и врз Претставничкиот дом и врз Сенатот на американските избори на средината од мандатот на претседателот Доналд Трамп. Партијата […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1