На 03.11.2026 во 18:40 часот Т.К. од Богданци пријавил дека на место викано „Ичева чешма“, Горно село во Богданци забележал опожарено паркирано патничко моторно возило, во чија близина има безживотно тело.
Веднаш по пријавата полициски службеници од ПС ОН Гевгелија се упатени на местото на настанот, каде било констатирано дека во близина на опожареното возило имало машко лице кое не давало знаци на живот, по што било констатирано дека станува збор за В.Г.(21) од Богданци. Од екипа на Итна медицинска помош при ЈЗУ Општа болница Гевгелија била констатирана смрт. По локализирање на пожарот од страна на Бригадата за противпожарна заштита, било забележано дека во возилото има опожарено лице без знаци на живот.
За настанот веднаш е известен Јавен обвинител од ОЈО Гевгелија и извршен е увид. По насоки на Јавен обвинител телата се дадени на обдукција за утврдување на идентитет, односно утврдување на причините за смртта. Се преземаат мерки за утврдување на околностите и за целосно расчистување на случајот.“ – се вели во соопштението на МВР.
Истрагата се сомнева дека 17 годишната девојка чие тело е пронакдено во автомобилот , е жртва на убиство на 21 годишното момче кое исто така беше пронајдено мртво на местото на настанот.
Во какви околности починале одговори ќе треба да дадат вештачењата.
Според информациите 17 годишната девојка подолг период била жртва на насилство од страна на нејзиното 21 годишно момче. На почетокот на минатиот месец, таа дури и го пријавила во полиција, за што МВР извести во дневен билтен.
„ На 01.10.2026 во 01:10 часот во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода 21-годишен жител на Богданци. Според пријавеното, тој на 30.09.2026 околу 21:00 часот во неговиот дом физички ја нападнал неговата 17-годишна девојка. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.“ – стоеше во информацијата на МВР.








