Archive by Author

Од 1 август парното поскапува

Од 1 август парното во Скопје поскапува за 5,96%. Пресметавме колку ќе се зголемат месечните и годишните сметки за станови од 45, 60 и 80 квадрати и дали парното останува поисплатливо од греењето на струја. Скопските домаќинства приклучени на најголемиот систем за централно греење од 1 август ќе плаќаат 5,96 проценти повисока цена за топлинска […]

______________________________________________________________________________________________________

Водоводот во Гостивар чека 2 години дозвола од државни патишта и уште ја нема добиено

Во врска со проектот „Водоснабдување на Гостивар II – SECO II“ Визуелни материали oд работите СЕКО: https://we.tl/t-AU1K5kxu2dzVtbya Во јавноста деновиве се отворија повеќе прашања за реализацијата на проектот „Водоснабдување на Гостивар II – SECO II“, Со оглед на сериозноста на состојбата со водоснабдувањето и оправданата загриженост на граѓаните, ЈП „Комуналец“ Гостивар има обврска да ги соопшти […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонски пар – МАЈКА 61 И ТАТКО 71 ГОДИНА ЗА ПРВПАТ СТАНАА РОДИТЕЛИ

Информацијата ја споделија од болницата на социјалните мрежи На успешната бременост и претходеа хистероскопска реконструкција на матката, внимателна и индивидуализирана медицинска подготовка, како и ин витро постапка со донирани јајце-клетки. Пациентката и нејзиниот сопруг, кој е Шпанец живеат и работат во Швајцарија, а породувањето беше извршено со царски рез во Цирих. Ова е втор исклучителен […]

______________________________________________________________________________________________________

Штрајк на грчките цариници, се очекуваат големи гужви на граничните премини

Грчките царински служби денеска ќе штрајкуваат, поради што се очекуваат големи гужви на граничните премини Евзони, Дојран и Ники. На премините Евзони (Богородица), Дојран (Дојрани) и Ники (Меѓитлија), патничките возила ќе бидат пропуштени еднаш на секои 10 минути во периодот од 6 до 10 часот по грчко време, додека товарниот сообраќај е целосно прекинат. Поради […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина актерот Гоце Тодоровски

По подолго боледување, на 75. годишна возраст синоќа почина легендарниот театарски, филмски и телевизиски актер и хуморист – Гоце Тодоровски, објави неговото семејство. Тодоровски е роден 1951 година во Кичево. По завршување на факултетот, тој се вработил во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнал како мошне надарен и суптилен комичар. „Го напушти овој […]

______________________________________________________________________________________________________

Водата во Kрушево е неисправна за пиење, за готвење треба да се преврива

Водата за пиење во Крушево е микробиолошки неисправна вода, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Прилеп велат дека по примероците земени на 20 јули, водата од чешмите Света Петка, Крајпатна бензинска, реонот на Црешово Топче, Стара Црква и реонот под хотел Монтана (Општина Крушево) е микробиолошки неисправна за […]

______________________________________________________________________________________________________

Рекорден број боледувања во Македонија: Системот ќе се менува

Системот за управување со боледувањата во Македонија ќе биде предмет на анализа и реформи, откако новите податоци покажаа значителен пораст на бројот на отворени боледувања во последните години. Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, со поддршка на Светската здравствена организација, денеска одржаа работилница посветена на подобрување на системот и спречување на можните злоупотреби. […]

______________________________________________________________________________________________________

АПЕЛ до граѓаните – не се приближувајте до паднатите проводници од невремето!

⚠️ АПЕЛ до граѓаните да не се приближуваат до паднатите проводници од невремето! – објави на социјалните мрежи Електродистрибуција. Во постот се вели – Последиците од невремето врз електродистрибутивната мрежа сè уште се видливи на терен. Евидентирани се повеќе паднати и скинати проводници, предизвикани од паднати гранки, делови од кровови и фасади, како и од […]

______________________________________________________________________________________________________

Работник ги нападнал газдите со нож заради неисплатени дневници

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница според член 133 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 30-годишник со нож се заканувал на двајца сопружници во чија фирма работел, барајќи да му ги исплатат последните […]

______________________________________________________________________________________________________

Водата во Гостивар ќе се хиперхлорира и секојдневно тројно ќе се тестира

Водата од водоводната мрежа во Гостивар во моментов е неисправна за пиење и за техничка употреба, покажуваат најновите резултати од анализите на мострите што ги направи Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во таа насока, се апелира до граѓаните строго да ги почитуваат препораките на надлежните институции и до понатаможно известување да не ја користат водата […]

______________________________________________________________________________________________________

100 евра казна ако сте на тротинет со телефон на уво – полицијата почна со казнување

Полицијата веќе казнува за непочитување на новите правила за управување на електрични тротинети. Измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата стапи на сила на 14. јули, а досега се изречени 12 парични казни. Како што соопштуваат од МВР за Скопје Инфо засега не се одземени тротинети. Од страна на Одделението за безбедност на […]

______________________________________________________________________________________________________

Ако имате грчко потекло, може да аплицирате за грчко државјанство

Грчката амбасада во Скопје на својата официјална веб-страница објави јавен повик до сите граѓани во Македонија кои можат да докажат грчки корени – да аплицираат за грчко државјанство. „Грција има потреба од вас, објави 4news.mk Зајакнете ја вашата врска со вашата татковина“, гласи пораката во објавата на грчката амбасада во Скопје, каде што се приложени […]

______________________________________________________________________________________________________

МИЦКОСКИ СО ПОРАКА ПО СТРАШНОТО НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ Штетите ќе бидат надоместени

Над 9.000 повици на 112, 117 оштетени возила, 189 паднати дрвја и десет повредени лица – невремето остави сериозни последици низ Скопје Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека материјалната штета предизвикана од силното невреме што вчера го зафати Скопје ќе биде проценета, а надоместот ќе се реализира согласно законските процедури и досегашната практика. Одговарајќи на новинарско […]

______________________________________________________________________________________________________

До крајот на летото ќе се знае локација за нов клинички центар

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на летото да биде заокружен процесот за избор на локација за новиот клинички центар, по што ќе може да започне подготовката за реализација на капиталната здравствена инвестиција. Одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на реконструираното Одделение за трауматологија во ЈЗУ Универзитетска клиника за хируршки болести „Св. Наум […]

______________________________________________________________________________________________________

Регистрирани над 300 штети – Ветерот од 130 километри на час имал јачина на урaган

Невремето, кое траеше помалку од два часа, а зад себе остави речиси двесте паднати дрвја, повеќе од стотина оштетени возила, покриви на згради и куќи, предизвика неколку пожари, оштети патна инфраструктура, како и 2.038 трафостаници, но и повреди неколку лица, а беше и причина за стотици интервенции и ангажман на човечки и технички ресурси за […]

______________________________________________________________________________________________________

Видео : Невидено невреме во Скопје – оштетени автомобили

Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица во Скопје и Куманово! Во делови од главниот град има прекин на електричната енергија, а засега нема информации за предизвикани штети. Надлежните служби се на терен и подготвени за интервенции. Поради најавените временски непогоди, Кризниот штаб на Град Скопје одржа состанок, а градските служби […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопје гради еколошки штит – Пречистителната станица

Скопје го гради својот најголем еколошки штит! – напиша на социјалните мрежи градоначалникот Ѓорѓиевски. ,, Проектот кој со децении беше само неопходност и надеж, денес забрзано се гради и станува реалност. Пречистителната станица за Скопје е најголемиот и најсовремен еколошки проект во Македонија, комплексен зафат кој опфаќа изградба на околу 60 објекти кој ќе донесе […]

______________________________________________________________________________________________________

Бактерии во водата во Гостивар – Приведени тројца раководители на „Комуналец“

Основното јавно обвинителство Гостивар ги објави резултатите од анализите на водата за пиење, кои покажуваат сериозно загадување поради што таа е оценета како небезбедна и неупотреблива за каква било намена. Во врска со случајот е отворена истрага против в.д. директорката на ЈП „Комуналец“ – Гостивар и уште двајца раководители, кои се приведени. Обвинителството соопшти дека […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1