21/07/2026 10:24
•
Posted by: MK News
Забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод за пиење и подготовка на храна останува во сила сè додека лабораториските анализи не потврдат дека водата е безбедна, информира директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов. „Продолжуваме будно да ја следиме состојбата и да преземаме соодветни законски мерки за целосно расчистување на случајот […]
______________________________________________________________________________________________________
20/07/2026 01:03
•
Posted by: MK News
Европскиот шампион по продолженијата ја совлада дотогаш актуелната светска шампионка Аргентина со 1:0. Феран Торес во 106. минута ја затресе мрежата на Мартинез, предизвикувајќи ерупција од воодушевување на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси. Како и во 2010 година, Шпанија и сега ги обедини европската и светската титула. Аргентина остана без својот четврти трофеј, а еден […]
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2026 14:26
•
Posted by: MK News
Сопругата на патникот кој за време на лет на компанијата Ryanair од Грција кон Германија беше делумно извлечен низ скршениот прозорец на авионот, за N1 го даде првото сведоштво за драматичниот инцидент. „Мојот сопруг висеше од авионот. Воздушниот притисок го извлече речиси до половина од телото, а ние го држевме за да не биде целосно […]
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2026 14:11
•
Posted by: MK News
Новите правила за користење на електрични тротинети стапија на сила, со нив веќе нема да смеат да управуваат малолетни лица. Согласно измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, минималната возраст за управување електричен тротинет е зголемена од 14 на 18 години. Со новите законски измени, електричниот тротинет станува превозно средство со построги правила, […]
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2026 14:04
•
Posted by: MK News
Од почетокот на јули во земјава потврдени се вкупно 10 нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози. Болеста е потврдена во одгледувалишта во населеното место Саса, општина Македонска Каменица, село Соколарци, општина Чешиново – Облешево, село Бигла, општина Делчево, села Малино и Косевица, општина Свети Николе и село Сопот, општина Куманово. Во моментов […]
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2026 13:59
•
Posted by: MK News
Супервештачење од областа на економско, финансиско, материјално и сметководствено работење, извршено по наредба на Кривичниот суд било клучно да се преквалификува обвинението за новинарот Драган Павловиќ – Латас и да настапи апсолутна застареност, велат од Обвинителството откако Кривичниот суд соопшти дека нема пресуда за случајот „Тотал“ во кој беше обвинет новинарот бидејќи обвинителот целосно се […]
______________________________________________________________________________________________________
14/07/2026 08:34
•
Posted by: MK News
Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата, при што беа избрани осум нови министри. За гласаа 69 пратеници, без гласови „против“ и „воздржани“. За нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство е избран Борче Серафимовски, досегашен државен секретар во Министерството. Тој е дипломиран дефендолог, магистер по меѓународни односи и докторант по организациски науки, а во својата […]
______________________________________________________________________________________________________
08/07/2026 11:25
•
Posted by: MK News
Европскиот Парламент ги изгласа новите европски права на патниците во воздушниот сообраќај. Големо мнозинство од 646 европратеници гласаа за реформата. Родителите во иднина ќе можат бесплатно да резервираат седиште до своите деца. Нискобуџетните авиокомпании досега делумно наплатуваа дополнителни такси за тоа, поради што веќе беа под лупа на надлежните органи. Правилата во врска со надоместокот […]
______________________________________________________________________________________________________
08/07/2026 11:15
•
Posted by: MK News
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамет Али, денеска учествува на Регионалната конференција во Тиват, посветена на системите 112 и имплементацијата на модерни технологии за управување со кризни ситуации. Во своето обраќање, Али најави сериозно технолошко унапредување на системот за помош во земјава преку воведување на нова мобилна апликација. „Наскоро граѓаните ќе ја […]
______________________________________________________________________________________________________
01/07/2026 18:06
•
Posted by: MK News
На социјалните мрежи се прикажува видео на кое има врсничко насилство во скопската населба Аеродром. Според она што може да се чуе на видеото, девојче е физички и психички малтретирано од група малолетници, а останатите присутни го снимаат инцидентот. Според информациите девојчето е седмо одделение. Било влечено за коса, навредувано и понижувано од свои врснички, […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2026 22:05
•
Posted by: MK News
Марија Митева е избрана за нова претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Извршниот комитет на партијата. Митева во моментов ја извршува и функцијата портпарол на Владата. По повод изборот Митева на социјалните мрежи напиша – Честа не е во функцијата. Честа е во довербата. ,, Со голема благодарност и одговорност, […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2026 21:47
•
Posted by: MK News
Тодор Коневски е новиот претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, откако по предлог на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, а со одлука на Извршниот комитет, му беше доверено раководењето со најголемата младинска политичка организација во државата. Коневски важи за млад и перспективен кадар, препознатлив по својата енергија, посветеност и долгогодишен ангажман во рамки […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2026 21:24
•
Posted by: MK News
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва на прес-конференција ги соопшти кадровските промени во Владата, во рамки на реконструкцијата на владиниот состав. Промените опфаќаат повеќе министерства и институции, а дел од ресорите добиваат нови раководители. Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за министер за социјална политика, демографија и млади е предложен досегашниот заменик министер во истото Министерство, Ѓоко Велковски, додека […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2026 20:56
•
Posted by: MK News
Нов министер за здравство е Сашо Клековски, додека министерството за социјална политика ќе го превземе Ѓоко Велковски, кој во моментов е заменик министер Нов директор на Фондот за здравство на местото на Клековски, ќе биде Златко Перински. Министер за локална самоуправа ќе биде Иван Стоилковиќ. Министер без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата […]
______________________________________________________________________________________________________
28/06/2026 21:34
•
Posted by: MK News
На 66-годишна возраст, по кратко боледување, почина Владо Јаневски – пејач, текстописец и автор кој остави богато музичко наследство – хитови кои ја одбележаа македонската поп-музика во изминатите неколку децении. Тој важеше за еден од најдобрите кантавтори и вокалисти на овие простори Во 1998 година Владо Јаневски беше првиот официјален претставник на Македонија на Изборот […]
______________________________________________________________________________________________________
28/06/2026 20:29
•
Posted by: MK News
Со шест министерства – за животна средина, економија, правда, евроинтеграции, култура и односи меѓу заедниците, ќе раководи Вреди по владината реконструкција. Како што изјави денеска Беким Сали од Вреди, актуелен вицепремиер и министер за европски прашања, Министерството за здравство не е дел од овој пакет. Споредено со досегашните ресори со кои управуваа кадрите на оваа […]
______________________________________________________________________________________________________
24/06/2026 08:58
•
Posted by: MK News
Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри, правно и аргументирано истакна дека државата треба да биде единствен приредувач на интернет игрите на среќа. Имено со Решението У. бр. 156/2019 од 6-ти мај 2020 година на Уставниот суд, со кое не се поведува постапка за […]
______________________________________________________________________________________________________
23/06/2026 20:02
•
Posted by: MK News
Почина градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски, кој од 2021 година ја извршуваше функцијата градоначалник, а во 2025 беше реизбран на позицијата. Засега не се соопштени детали за причините за неговата смрт. Тој имаше 58 години. Тој на локалните избори во 2021 година стана градоначалник на Општина Брвеница, а претходно беше и член на Советот […]
______________________________________________________________________________________________________