23/06/2026 17:08
•
Posted by: MK News
По синоќешниот немил настан што предизвика големо внимание во јавноста, денеска градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, изврши увид на детското игралиште „Патрик“, кое беше вандализирано и сериозно оштетено од група млади лица. Станува збор за едно од најубаво уредените детски катчиња во Општина Аеродром, простор создаден за игра, дружење и безгрижно детство. За жал, […]
______________________________________________________________________________________________________
23/06/2026 16:10
•
Posted by: MK News
Приходите од наплатен придонес за пензиско и инвалидско осигурување во 2024 година се зголемени за 14 отсто во однос на претходната 2023 година и изнесуваат 71.435.601 илјади денари со учество од 61,7 отсто во вкупно остварените приходи. Но, оствареното зголемување и понатаму не е доволно за покривање на расходите за пензии кои исто така секоја […]
______________________________________________________________________________________________________
05/06/2026 16:21
•
Posted by: MK News
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 5 јуни 2026 изнесува 114,92 евра за мегават час, на МЕМО 102,73 евра за мегават час Цените на пазарот на енергенси. Во ЕДС Инфо поинт ги вклучуваме цените на природниот гас, кој е еден од клучните параметари и за формирањето на цената на електричната енергија, како и Solar peak цените Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX […]
______________________________________________________________________________________________________
04/06/2026 13:15
•
Posted by: MK News
Едно семејство, во најтешкиот момент од животот, донесе одлука да спаси животи. Срцето не застана. Само продолжи да бие, во градите на некој друг“, пишува во емотивната објава на Фејсбук. На Клиниката во Скопје е направена трансплантација на срце, а го доби 52-годишен пациент, по 4 години чекање. Од Министерството за здравство, кое ја објави убавата […]
______________________________________________________________________________________________________
04/06/2026 13:00
•
Posted by: MK News
Државниот завод за ревизија утврдил повеќе неправилности во работењето на Академијата за судии и јавни обвинители во текот на 2024 година. Иако ревизорите дале позитивно мислење за финансиските извештаи, за усогласеноста со законите и прописите изразиле мислење со резерва поради низа утврдени пропусти. Меѓу најсериозните забелешки е начинот на исплата на надоместоци за членовите на […]
______________________________________________________________________________________________________
04/06/2026 10:01
•
Posted by: MK News
Безбедната храна не е привилегија, туку основно право на секој граѓанин. Секој од нас има право да биде сигурен дека храната што ја купува и јаде е безбедна. Токму таа доверба е најголемата одговорност што ја носиме како институција – порача директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов, на настанот по повод […]
______________________________________________________________________________________________________
01/06/2026 14:05
•
Posted by: MK News
Бурни реакции кај сточарите предизвика веста на Агенцијата за храна и ветеринарство дека кај десет млекарници се утврдени неправилности во однос на квалитетот и означувањето на млечните производи што се продаваат во маркетите. Сточарите уште пред три месеци кога министерот Цветан Трипуновски беше во Битола му кажаа дека наместо млеко граѓаните пијат „хемија“. Сега заради […]
______________________________________________________________________________________________________
01/06/2026 14:00
•
Posted by: MK News
Владата на вчерашната седница, што ден претходно ја најави премиерот Христијан Мицкоски, донесе одлука за продолжување на мерката за намалување на акцизите за нафтените деривати до 15 јуни и информира дека во разговорите со ОКТА бил договорен дополнителен попуст од два денари по литар кој ќе започне да се применува од 1 јуни, односно денеска […]
______________________________________________________________________________________________________
01/06/2026 12:08
•
Posted by: MK News
Драги Ѓоргиев, татко на трагично загинатиот тапанар на групата ДНК, Ѓорѓи Ѓоргиев, објави видео за кое тврди дека прикажува кражба од гробното место на неговиот син. Тој на социјалните мрежи навел дека станува збор за повеќекратни кражби и изразил револт поради, како што вели, континуираното нарушување на гробното место. -„14 кражби на нашиот ангел и […]
______________________________________________________________________________________________________
29/05/2026 12:25
•
Posted by: MK News
Пакет нови мерки, со акцент на дополнителното зајакнување на информатичките системи за побрзо спроведување на контролите, како и разгледување на можноста за изградба на привремени технички решенија за олеснување на протокот на патници и возила, било одлучено на вчерашниот состанок што го свика заменик-министерот за внатрешни работи на Грција надлежен за областите Македонија и Тракија, […]
______________________________________________________________________________________________________
29/05/2026 12:13
•
Posted by: MK News
Последните информации за движењето на цените на пазарот на енергенси. Во ЕДС Инфо поинт се вклучени цените на природниот гас, кој е еден од клучните параметари и за формирањето на цената на електричната енергија, како и Solar peak цените кои се особено интересни за следење за производителите на обновлива енергија од сончеви колектори.Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28мај 2026 изнесува 118,22 евра […]
______________________________________________________________________________________________________
28/05/2026 14:11
•
Posted by: MK News
По повод Светскиот ден без тутун, Министерството за здравство, во соработка со Институтот за јавно здравје и Светската здравствена организација, се приклучи на глобалната кампања под мотото „Разоткривање на привлечноста – спротивставување на зависноста од никотин и тутун“. Министерот за здравство Азир Алиу истакна дека заедно со СЗО, Институтот за јавно здравје, центрите за јавно […]
______________________________________________________________________________________________________
28/05/2026 13:57
•
Posted by: MK News
Во услови кога цените на електричната енергија на европските берзи повторно покажуваат нестабилност, а компаниите сè потешко ги планираат своите оперативни трошоци, сигурноста и предвидливоста стануваат подеднакво важни како и самата цена. Токму затоа, ЕДС неодамна ја претстави својата нова понуда за компаниите – модел на снабдување со фиксна цена на електрична енергија во период од […]
______________________________________________________________________________________________________
27/05/2026 14:03
•
Posted by: MK News
Граѓаните со возачка дозвола од „Б“ категорија за автомобил, од денеска имаат право да управуваат мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“ со зафатнина на моторот од 125 м3 и чија сила на моторот не е поголема од 11 KW, откако стапија во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Законските измени […]
______________________________________________________________________________________________________
25/05/2026 15:43
•
Posted by: MK News
Две кучиња од расата ротвајлер кои имале сопственик нападнале мајка со две деца во кичевското село Другово, додека се движела на прошетка со децата. Жената во објава на социјалните мрежи вели дека во петокот попладне, кучињата ненадејно почнале агресивно да лаат и да се приближуваат, по што таа го кренала помалото дете во раце и […]
______________________________________________________________________________________________________
22/05/2026 10:24
•
Posted by: MK News
Баритонот на Македонската национална опера и балет Ристе Велков и неговиот 20-годишен син Адам Велков, се двајца од четворицата загинати во трагичната сообраќајна незгода што се случи ноќеска на скопската обиколница. Според досегашните информации, трагедијата се случила меѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци, кога камион со косовски регистарски таблички ја пробил заштитната ограда, преминал на спротивната лента и […]
______________________________________________________________________________________________________
22/05/2026 10:16
•
Posted by: MK News
На 21.05.2026 во 23 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци, Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило – влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и со него преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот при што […]
______________________________________________________________________________________________________
07/05/2026 06:55
•
Posted by: MK News
Секторот за контрола и истраги лиши од слобода три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина, осомничени за криумчарење на медицински препарати штетни по здравјето на граѓаните. Извршен е и претрес во салон за убавина, каде се пронајдени криумчарени непроверени дермални филери и други медицински производи кои се користат за убавина, но и […]
______________________________________________________________________________________________________