Archive by Author

10 месеци затвор за злоупотреба на европски фондови

Вработена во Министерството за земјоделство доби затворска казна од десет месеци откако призна вина во предмет поврзан со злоупотреба на европски фондови. Станува збор за случај во кој, според судот, била примена парична корист за посредување при доделување средства од ИПАРД програмата. Во пресудата е наведено дека во изречената казна ќе се пресмета и времето […]

______________________________________________________________________________________________________

Тројца полицајци добија условна казна затвор за пожарот во „Пулс“

Тројца полицајци од Кочани беа прогласени за виновни во случајот во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“.  На Кире Богатинов и на Горан Лазаров, Судот им изрече условна казна затвор од една година, а на командирот на ПС Кочани Александар Темелков условна казна од две години.Тоа значи дека обвинетите нема да одат во затвор, доколку […]

______________________________________________________________________________________________________

Се бараат итни олеснувања поради системот ЕЕС

Земјите од регионот, во тесна соработка со Европската Унија и нејзините земји членки преземаат чекори за решавање на проблемот со метежот на граничните премини, кој е најизразен за време на летната сезона, информира министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Како што посочи тој, постои подготвеност од земјите членки на ЕУ да покажат […]

______________________________________________________________________________________________________

Различнoстите сплотуваат

На 10 мај на Школка со почеток во 11 часот, ќе се одржи настан за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој како и за нивно прифаќање, почитување и инклузија во општеството, во организација на Здружението „Аутизам ААМК“. Тоа ќе биде седми по ред од 2018 година, а како и претходните така и овој […]

______________________________________________________________________________________________________

Поништени дипломи на УКИМ и на Славјанскиот универзитет

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, информираше за сериозни нерегуларности во високото образование. Министерката за образование и наука  Весна Јаневска соопшти дека два случаи поврзани со нерегуларности во високото образование се пријавени во Јавно обвинителство на Македонија, еден од Филозофски факултет УКИМ и еден од Славјански универзитет. На овој факултет откриени се неправилности поврзани со вкупно 17 студенти. Официјално […]

______________________________________________________________________________________________________

Потпишете договор со ЕДС и изберете вреден подарок: Инвертер клима уред или електричен тротинет!

ЕДС со понуда со уште поголема додадена вредност за компаниите кои ќе изберат сигурен и стабилен снабдувач со електрична енергија. Во рамки на актуелната понуда, сите компании кои ќе склучат договор за снабдување со електрична енергија на 2 години со фиксна цена, може да изберат меѓу два вредни подароци инвертер клима уред или електричен тротинет.  Со оваа понуда, ЕДС не само што обезбедува […]

______________________________________________________________________________________________________

Измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

Известување за зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност и Одделението за сајбер безбедност при Одделот за информатика и телекомуникации во рамки на Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е забележана зачестена појава изминативе денови, каде непознати лица преку странски телефонски […]

______________________________________________________________________________________________________

123 години од смртта на Гоце Делчев

На денешен ден пред 123 години во Баница почина македонскиот револуционер Гоце Делчев. Покрај традиционалното положување цвеќе и панихида на неговиот гроб во црквата „Св. Спас“ во Скопје, денеска во Собранието ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за особено значајни остварувања во областа на науката. Наградата ќе им биде врачена на проф. д-р Михајло […]

______________________________________________________________________________________________________

Уапсени ТЕРОРИСТИ од ИСЛАМСКА ДРЖАВА, еве ги деталите

Агенцијата за национална безбедност согласно своите надлежности презеде оперативно-технички и аналитички мерки и активности со цел идентификување на мотивите и непосредните извршители на обидот за опожарување на објектот на Еврејска заедница во Скопје. Во таа насока од страна на Агенцијата се прибраа информации и беа идентификувани лица – најверојатни извршители и нивна логистичка мрежа, како […]

______________________________________________________________________________________________________

Новиот систем за влез во ЕУ ЈА БЛОКИРАШЕ ГРЦИЈА – барат решенија

Целосната имплементација на системот со биометриска контрола на патниците, создаде проблеми и редици и на граничниот премин Евзони-Богородица за влез во Грција, а пред две седмици реагираа и од Унијата на полицајци од Килкис, кои преку соопштение рекоа дека е „срамно и неприфатливо она што се случува на граничните премини поради ЕЕ системот“. Новиот систем […]

______________________________________________________________________________________________________

ЦЕНИТЕ ПОД КОНТРОЛА, ПЛАТИТЕ РАСТАТ Дурмиши со оптимистички пораки

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, на денешната седница за пратенички прашања во Собранието, одговарајќи на прашањето поставено од пратеничката Јована Тренчевска, истакна дека Владата спроведува сеопфатни и континуирани мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и за унапредување на правата на работниците. Министерот потенцираше дека состојбата со цените е стабилизирана и ставена […]

______________________________________________________________________________________________________

УЈП ќе ги известува граѓаните за пријавување приходи од странство, „Ред мора да има“, порача Мицкоски

Сите граѓани, додека е оваа Влада, ќе плаќаат данок бидејќи  мора да се воспостави ред, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето на пратеникот Скендер Реџепи по кои критериуми ги поделиле граѓаните на резидентни и нерезидентни за плаќање даноци. – Се повикувате точно на одлуката на Уставниот суд, ама не сте ја прочитале, прочитајте да […]

______________________________________________________________________________________________________

100 казни во Скопје за фрлање ѓубре по 22 часот

Инспекторите на Град Скопје досега изрекле околу 100 казни за граѓани кои фрлале комунален отпад во контејнерите по 22 часот, иако тоа е забрането. Покрај граѓаните, санкции добиле и фирми, изречени се десетина казни, додека повеќе од 100 прекршители поминале со опомени. Забраната важи од ноември 2025 година и се однесува на периодот од 22 […]

______________________________________________________________________________________________________

20 години ЕВН – објавена ,, Бела книга,,

Социо-економска и енергетска студија за дваесетгодишните достигнувања и континуирани инвестиции на ЕВН Македонија во енергетиката, економијата и одржливиот развој Скопје, 29.04.2026 –  Економскиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје(УКИМ) изготвија студии за влијанието на ЕВН Македонија во националната економија и енергетика, како и општеството во […]

______________________________________________________________________________________________________

СОС Детско село инвестира во современи методи за подобрување на односот меѓу родители и деца

Стручни лица од повеќе институции во Македонија кои работат со деца и родители/згрижувачи со предизвици во грижата како резултат на трауматски искуства во детството, како и професионалци од институциите одговорни за градење капацитети на стручните лица ги унапредија своите вештини и знаења за како поефективно да ги поддржат децата и семејствата. На обуките за дијадна […]

______________________________________________________________________________________________________

8 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА РАДЕ ШТЕКЛИ ЗА ТРГОВИЈА СО КОКАИН

Обвинетиот Раде Трајковски-Штекли доби казна затвор од 8 години во случајот со организирана група за трговија со дрога. Обвинетите Стефан Китанов, Александар Бучевски и Филип Таневски добија казни затвор од по пет години. Стојан Миланов е осуден на казна затвор од 3 години и 10 месеци. Постапката се водеше девет месеци, а судеше судијата Илија […]

______________________________________________________________________________________________________

БИЉАНА АНГЕЛОВА РЕИЗБРАНА ЗА РЕКТОРКА

Проф. д-р Биљана Ангелова доби уште еден мандат и ќе раководи со најстариот универзитет во земјава, „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Единствен противкандидат ѝ беше проф. д-р Дарко Данев од Машинскиот факултет. Според изборната комисија, Ангелова освоила 2.924 поени, а Данев освоил 2.675 поени. Гласањето се одвиваше на 23 факултети и на пет институти […]

______________________________________________________________________________________________________

МАКЕДОНИЈА ТУРИСТ ГИ ПРОДАВА БРИСТОЛ, ЈАДРАН И ПИВНИЦА

Поранешните хотели „Бристол“ и „Јадран“ (Арапска куќа) се најдоа на список за продажба за кој ќе одлучуваат акционерите на „Македонија турист“ на собранието закажано за 22 мај годинава, покажуваат материјалите објавени на Македонската берза. Покрај овие два хотели, на предлог-листата за продажба се и познатата „Пивница“ на плоштадот, спроти хотелот „Мериот“, и трикатница карши поранешен […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1