Грција ѝ ги предаде на Бугарија посмртните останки за кои се тврди дека се на цар Самоил


Посмртните останки на Цар Самоил пристинаа во Бугарија …Со високи почести, во присуство на актуелниот државен врв но и поранешни премиери и претседатели, моштите положени во базиликата „Света Софија“ во бугарската престолнина…

Бугарската влада задоволна што по неколку децении, останките се враќаат во земјата..За Румен радев, ова е историски договор кој ги обединува двете земји..

румен радев – премиер на бугарија: „Ако во минатото цар Самуил нè разделуваше сега нè обединува. Ја прави нашата стратешка соработка уште посилна, а историските односи меѓу нашите држави и народи, уште посилни. Нашето заедничко учество во Европската Унија и дава можност на секоја од нашите земји да ги чувствува подобро проблемите на другата земја. “

И Грчкиот премиер е среќен што во земјата се враќаат 48 предмети , кои, како што ги нарече, се од непроценлива вредност.. По неколку децении преговори, во Атина се враќаат реликвии од два грчки манастири и една црква кои повеќе од 100 години беа изложени во Националниот историски музеј во Софија..

киријакос мицотакис – премиер на грција: „Ги поставуваме основите на нешто подлабоко од една едноставна културна размена, бидејќи враќањето на важните реликвии од колективното сеќавање на Грција и Бугарија, ги претвора тешките моменти од минатото во мост на заедничка иднина. “

И покрај еуфоријата која владее во Софија, бугарските историчари се сомневаат дека коските се на цар Самуил со оглед на тоа што досега , никој не помислил да направи современа ДНК-анализа со која би се потврдила нивната автентичност… 

проф. Милко Палангурски – историчар од Бугарија: „Со ова само се отвори „Пандорината кутија“. И проблемот не е во тоа што ние го враќаме, туку во тоа што нема список и никој не знае што е тоа. Бугарската држава не направи каталог и истражување на артефактите . Не беше направена ДНК-анализа на посмртните останки кои ќе бидат вратени во Бугарија, за да се потврди дали тие се или не се на цар Самуил. Она што го знаеме е дека на островот Свети Ахил се погребани цар Самуил и неговото семејство. “

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1