Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство


Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук фотографија со американскиот претседател Доналд Трамп, од неговата неодамнешна посета на САД.

– Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство.  , пишува Мицкоски во објавата.

Фотографијата на Мицкоски и неговата сопруга Рози со Доналд Трамп е од традиционалниот прием на шефови на држави и влади што го организираше американскиот претседател во Њујорк за време на Генералното собрание на Обединетите нации.

Настанот се одржа во хотелот Лот Палас во Њујорк и беше затворен за медиумите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1