Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински денеска на скопскиот аеродром ја пречека  претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

-Добредојде во Скопје за претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Денеска во Скопје ја пречекав претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен – објави Муцунски на Фејсбук.

Шефот на дипломатијата нагласи дека посетата е силна потврда за европската ориентација, посветеноста на Владата на реформските процеси, целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и јасната определба за напредок во европската интеграција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1