Личност која навистина го промени текот на човештвото, светски признатата биохемичарка Светлана Мојсов.
Родена во срцето на Скопје, а денес професорка на престижниот Универзитет Рокфелер во Њујорк, таа е творецот на научната револуција која го трансформираше модерното здравство и стана светски феномен.
Нејзиниот пат до врвот беше филмски – со години нејзиното име беше намерно изоставувано од големите признанија, но нејзиниот непоколеблив македонски ген не дозволи неправда, па денес таа е сопственик на престижната награда Ласкер.
Претседателката ќе ѝ го врачи орденот „8 Септември“, по што ќе одржи и свечена беседа во МАНУ.
Професорката Светлана Мојсов ќе биде одликувана со Орден „8 Септември“ за нејзиниот извонреден придонес во биохемијата како врвен светски научник и истражувач.
Професорката заедно со д-р Џоел Хабенер и д-р Лоте Бјере Кнудсен, во изминатите две години добија многу светски научни награди за нивниот револуционерен придонес во развојот на пептидот 1 (GLP-1) сличен на глукагон со што го трансформираа третманот на дијабетес тип 2, помагајќи им на милиони луѓе ширум светот.
Светлана Мојсов е ќерка на Лазар Мојсов, дипломат и државник. Родена е во Скопје 1947 година. Студиите по физичка хемија ги завршила на Природно-математичкиот факултет во Белград, а докторските студии на Универзитетот „Рокфелер“ во 1972 година, каде останува до денес.
Орденот „8 Септември“ ќе и биде врачен денес во Вила Водно од страна на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Фото: Официјален профил на Сојуз на хемичари и технолози









