28/04/2026 18:06
•
Posted by: MK News
Обдукцијата на 59 жртви на пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани покажува дека нивната смрт е насилна и настапила како резултат од труење со јаглероден моноксид. Кај пет од жртвите обдукциското мислење од Институтот за судска медицина исто така констатира насилна смрт, но која настапила од задушување од притисок врз градниот кош или како резултат […]
______________________________________________________________________________________________________
28/04/2026 17:55
•
Posted by: MK News
Македонија заостанува во борбата против рак на грло на матка и е далеку од исполнување на целта за опфат на 70% од жените со скрининг до 2030 година со цел целосно искоренување на смртноста од оваа болест, поставена од Светската здравствена организација. Главна причина за ваквата состојба е што Програмата за скрининг на рак на […]
______________________________________________________________________________________________________
28/04/2026 15:43
•
Posted by: MK News
Доживотна казна затвор доби 74-годишниот штипјанец Денис Асанов, кој лани ја убил 79-годишната Борјанка Николова од Штип, по што го распарчил нејзиното тело. Дел од нејзиниот труп беше пронајден во дворот од неговата куќа, а останатите делови од телото не беа пронајдени, иако полицијата, заедно со штипското комунално претпријатие „Исар“ извршија претраги и на депонијата […]
______________________________________________________________________________________________________
28/04/2026 14:59
•
Posted by: MK News
Пристигна официјално известување од Европската комисија, Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој, дека средствата од ИПАРД-програмата се повторно достапни за македонските земјоделци, соопшти министерот за земјоделство Цветан Трипуновски. Тој рече дека е направената целосна и детална контрола за користење на ИПАРД-средствата и е утврдено дека нема неправилности во постапките. -Тоа значи дека системот функционира, […]
______________________________________________________________________________________________________
28/04/2026 13:40
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи води активна истрага за случајот на врсничко насилство во скопската населба Ѓорче Петров, во кој, според официјалните информации, веќе се повикани на разговор 14 лица, а за дел од нив ќе следуваат соодветни процесни дејствија. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски нагласи дека станува збор за сериозен проблем кој бара институционален, […]
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2026 16:12
•
Posted by: MK News
На денешната надзорна расправа во Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, посветена на семејното насилство и неговата превентива, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави измени во Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, особено во делот на итните и привремени мерки. – Клучната промена е во воведување […]
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2026 15:16
•
Posted by: MK News
Почна обновата на Универзалната сала во Скопје, проект вреден 20 милиони евра. Премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со министерот за култура Зоран Љутков и со градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска го посети градилиптето очекува изградбата да биде завршена во рамките на рокот и во рамките на предвидениот буџет. – Проектот „Европска престолнина на културата“ […]
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2026 10:53
•
Posted by: MK News
Стравичен случај на ученичко насилство пријавиле родители од општината Ѓорче Петров за Вечер Прес. Девојче од шесто одделение завршило на лекар и психијатар откако било горено со цигари понижувано од соученичките во паркот близу општината. Девојчето било присилувано да јаде измет од куче, а чинот бил сниман со мобилен телефон. „Пријавено е дека малолетно девојче, […]
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2026 10:11
•
Posted by: MK News
Прес-конференција денеска во 12:00 часот пред Основното јавно обвинителство ќе одржи Јане Ченто, на која, како што најави, ќе бидат споделени информации за поднесување кривична пријава против поранешен јавен обвинител и ќе бидат изнесени детали и аргументи поврзани со постапката за настаните од 27 април. „Време е за вистинска правда и вистината за 27 април. […]
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2026 07:50
•
Posted by: MK News
Во продажба е третата серија на инстант лозот „Златна треска“, кој носи возбудливи можности за добивки. Лозот е особено атрактивен бидејќи содржи три различни игри, со кои секој играч има повеќе шанси за добивка. Првата игра – „Златна десетка“ – носи добивка кога збирот на двата едноцифрени броја е десет, а добивката е наведена во […]
______________________________________________________________________________________________________
26/04/2026 10:23
•
Posted by: MK News
Безбедносен инцидент се случи за време на традиционалната вечера на новинарите во Белата куќа, кога беа испукани истрели, по што американскиот претседател Donald Trump и потпретседателот JD Vance итно беа евакуирани од бината. Инцидентот се случил околу 20:35 часот по источноамериканско време (00:35 GMT), во хотелот Washington Hilton, каде што се одржувал настанот. Според првичните […]
______________________________________________________________________________________________________
20/04/2026 20:01
•
Posted by: MK News
Инстант лозот „Калинка“ е еден од најпрепознатливите и најомилените лозови на Државна лотарија. Пласиран уште во 2010 година како прв паричен лоз во историјата на Државна лотарија, „Калинка“ веќе израдува многу среќни добитници со различни парични добивки. Со својата богата симболика – плодот калинка како симбол на среќа, благодат и радост е дел и од […]
______________________________________________________________________________________________________
19/04/2026 20:00
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи добило дојави за бомби во трговските центри Ист Гејт и Дајмонд во Скопје, за среќа сите се лажни. -Денеска (19.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговските центри Ист Гејт и Дајмонд во Скопје се поставени експлозивни направи, информираа вчера од МВР. […]
______________________________________________________________________________________________________
19/04/2026 18:32
•
Posted by: MK News
Бројот на земји што Министерството за надворешни работи, Комонвелтот и развојот на Велика Британија (FCDO) ги смета за премногу опасни за патување значително се зголеми во последните седум години. Од 2019 година, овој број се зголеми за 12, а во моментов 76 земји или територии од вкупно 226 се на „црвената листа“ на совети, каде […]
______________________________________________________________________________________________________
19/04/2026 17:37
•
Posted by: MK News
Иран не е подготвен да одржи нова рунда разговори тет-а-тет со американски претставници, изјави вчера иранскиот заменик-министер за надворешни работи Саид Хатибзаде, велејќи дека Иран нема намера да го предаде сопствениот збогатен ураниум на САД. „Можам да ви кажам дека нема да биде испорачан никаков збогатен ураниум на САД. Тоа не е можно. Ве уверувам […]
______________________________________________________________________________________________________
19/04/2026 16:42
•
Posted by: MK News
Се очекува Регулаторната комисија за енергетика, утре, да донесе ново намалување на цените на горивата, откако, во саботата, Владата донесе одлука дека продолжува со мерки за справување со ценовните шокови и за стабилизација на економијата во услови на глобална неизвесност. Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, истакна дека Македонија, според најновите анализи на Меѓународниот монетарен фонд, се […]
______________________________________________________________________________________________________
19/04/2026 15:39
•
Posted by: MK News
Партијата на Петер Маѓар, која победи на изборите во Унгарија, го зголеми своето парламентарно мнозинство на 141 од вкупно 199 места во парламентот откако беа пребројани поштенските гласови, странските гласови и телевизиските гласови, соопшти изборната канцеларија во саботата. Централнодесничарската партија Тиса (Почит и слобода) оствари убедлива победа на изборите во недела, со што заврши 16-годишното […]
______________________________________________________________________________________________________
19/04/2026 12:50
•
Posted by: MK News
Поранешниот судија во Врховниот суд, Наќе Георгиев, кој беше осуден за примање мито, ќе ја напушти затворската ќелија ова лето, откако Апелациониот суд во Скопје му го уважи барањето за условен отпуст. Со оваа одлука, казната му е дополнително скратена, а предметот стана правосилен. Георгиев, кој првично требаше да остане во затвор до мај 2027 […]
______________________________________________________________________________________________________