Archive by Author

Тошковски: По две децении го враќаме средното полициско училиште

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната научно-стручна конференција порача дека „системот го носат луѓето“, а не само опремата. Тој најави дека клучниот столб за градење квалитетен кадар ќе биде повторното воспоставување на средното полициско училиште, проект кој се враќа по пауза од повеќе од 20 години. Според Тошковски, психофизичката подготвеност е основата на […]

______________________________________________________________________________________________________

Советот на јавни обвинители избра четворица нови јавни обвинители

Советот на јавните обвинители на денешната 40-та седница го пополни составот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). По бурната дебата за тоа дали треба да се ротираат кадрите, Советот им ја додели довербата на Енѓелуше Кадриу-Леши, Александар Марковски, Ана Гоговска-Јакимовска и Ана Стојковиќ-Димитриовска. Клучен момент на седницата беше ставот […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: Од катаклизмична состојба до извозник на струја – Македонија денес снабдува и странски аеродроми

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на собраниската седница за пратенички прашања за состојбите и плановите во енергетскиот сектор, потсети на моментите во енергетскиот сектор кога новата Влада ја презема извршната власт, оценувајќи ја како алармантна и катастрофална состојба. „Катаклизмична состојба во август, септември 2024 година, со акумулации на некои 7 до 8 проценти, јаглен на депонија […]

______________________________________________________________________________________________________

Затворена кујната во РЕК „Битола“ по масовното труење:110 работници побарале лекарска помош

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во координација со здравствените институции, привремено ја затворија кујната на операторот што го снабдува со храна комбинатот РЕК „Битола“. Одлуката доаѓа по серијата пријави за стомачни тегоби кај вработените, кои конзумирале лазања со сос. Досега се регистрирани вкупно 111 лица кои побарале лекарска помош во Инфективното […]

______________________________________________________________________________________________________

Администрацијата за две години ќе има за 40 отсто повисоки плати

Владата подготви сеопфатен план за раст на примањата во јавниот сектор, според кој вработените во администрацијата во следните две години ќе имаат за околу 40 проценти повисоки плати од денешните. Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека новиот колективен договор, кој ги опфаќа и обвинителската и судската служба, претставува прв ваков документ во историјата на државата. Процесот […]

______________________________________________________________________________________________________

Турски танкер нападнат со дронови во близина на Босфор

Танкер за сурова нафта во сопственост на компанија од Истанбул бил цел на напад со морски и воздушен дрон рано утрово во водите на Црното Море. Инцидентот се случил на околу 14 наутички милји од Босфорот, при што бродот претрпел сериозни оштетувања. Според информациите објавени во турските медиуми, танкерот „Алтура“ на компанијата „Пергамон Шипинг“ превезувал […]

______________________________________________________________________________________________________

Шест волови од Македонија „пребегаа“ во Бугарија: Институциите одлучуваат за нивната судбина

Бугарските погранични и ветеринарни служби се соочуваат со необичен случај откако шест волови ја преминаа државната граница од Македонија во близина на ќустендилското село Ѓуешево. Животните во моментов се заловени и сместени во привремен објект на општината, додека надлежните комисија не донесат одлука за нивната понатамошна судбина. Животните прва ги забележала градоначалничката на селото Ѓуешево, […]

______________________________________________________________________________________________________

Мерки против ценовниот шок – Владата го намалува ДДВ за горивата

Владата донесе две важни одлуки, намалување на ДДВ за горивата и ослободување на количини на мазут од државните резерви, со цел да се спречи зголемување на цената на производите и на електричната енергија, информира денеска на прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски, по владината седница, посветена на мерките за ублажување на ценовниот скок на горивата. Мицкоски нагласи […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина Чак Норис

Светот се простува од легендарниот актер и боречки уметник Чак Норис, кој почина на 86-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја потврди неговото семејство преку објава на Инстаграм, наведувајќи дека тој починал на 19 март. Во соопштението, семејството истакна дека Норис заминал мирно, опкружен со најблиските, додавајќи дека засега нема да ги открива околностите за […]

______________________________________________________________________________________________________

Меѓународна агенција (ИЕА): Доаѓа енергетска криза – секој што може нека работи од дома

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) излезе со серија конкретни предлози насочени кон владите, компаниите и домаќинствата, со цел да се ублажи огромниот притисок врз цените на нафтата. Овој чекор, како што пренесува Ројтерс, доаѓа како директен одговор на енергетската криза и глобалните стравувања од инфлација предизвикани од војната меѓу САД и Израел со Иран. За […]

______________________________________________________________________________________________________

Поднесено обвинение за Стафа, кој за 50.000 евра требаше да го ,,извади” Ѓаволот од притвор

По спроведена сеопфатна истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд поднесе обвинителен акт против адвокатот и поранешен државен правобранител, Фехми Стафа, за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание. Стафа во декември беше уапсен додека прима 50.000 евра, кои требало да му ги даде […]

______________________________________________________________________________________________________

УАПСЕН ДИРЕКТОРОТ НА ИНСПЕКТОРАТОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ЗА ПРИМАЊЕ МИТО ОД 50.000 ЕВРА

Уапсен директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, во полициска акција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Анакиев е уапсен поради сомнение за примање мито во износ од 50.000 евра. Анакиев е потпретседател на Социјалистичката партија, а за директор беше поставен во јули 2024. Од Социјалистичката партија, која […]

______________________________________________________________________________________________________

20 март – Меѓународен ден на среќата: Побарај ја среќата со Државна лотарија!

Среќата е универзална желба, а 20 март – Меѓународниот ден на среќата е потсетник дека секој треба да верува во неа и дека треба да се даде шанса таа да ве изненади. Доказ дека вреди да се верува во среќата се добивките и моментите на радост и возбуда што ги создаваат игрите на среќа на […]

______________________________________________________________________________________________________

ПОЧНА ПОДЕЛБАТА НА ВАУЧЕРИ за инвертер клима без доплата

Започна распределбата на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди за граѓаните кои се стекнале со право по Јавниот оглас за 2025 година. Од денеска до 17 април 2026 година, лицата кои се наоѓаат на списокот ќе можат да ги подигнат ваучерите во меѓуопштинските центри за социјална работа во општината каде што живеат. […]

______________________________________________________________________________________________________

НЕНАД САВЕСКИ ЗА НОВ ДРЖАВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ

Собранието денеска на 94. седница го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Изборот на Савески го поддржаа 66 пратеници, „против“ гласаа двајца, а осум беа воздржани. Предлогот на Владата за избор на Савески за државен јавен обвинител пред пратениците го образложи вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. – На Македонија очајно и […]

______________________________________________________________________________________________________

ПОЕВТИНО ГОРИВО ЗА 2 ДЕНАРА Повеќето пумпи ја намалија цената

Од денеска на бензинските пумпи на ОКТА, Макпетрол, Пуцко Петрол и на Лукоил се точи гориво поевтино за 2 денара од максималната цена што ја определи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за нафтените деривати, информираат од ОКТА. Поевтинувањето на горивата доаѓа откако ОКТА им понуди за 2 денара пониски цени на трговците со нафтени деривати и […]

______________________________________________________________________________________________________

Емотивна порака од таткото на Надица која загина во пожарот во Пулс во Кочани.

Емотивна порака напиша Александар Наунов, таткото на Надица која загина во пожарот во Пулс во Кочани. -Денес помина точно една година откако те нема, а болката е иста како првиот ден. Времето не ја лекува раната кога родител го изгубил своето дете. Таа рана само учи како да живее со солзите. Керко моја, куќата без […]

______________________________________________________________________________________________________

Премиерот во Кочани: Мајка на загинатo девојче му стави беџ со скршено срце

Премиерот Христијан Мицкоски е во Кочани каде се одбележува годишнина од најголемата трагедија во Македонија во дискотеката Пулс во Кочани. Мајката на еден од загинатите млади лица во трагичната сообраќајна несреќа што го потресе градот, му пријде на премиерот и на неговиот ревер закачи беџ со симбол на скршено срце. Премиерот присуствуваше на Молитвата за упокоените […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1