ВИДЕО – „Силно светнал ден! 35 години независност!“


Премиерот Христијан Мицкоски го сподели промотивното видео за спектаклот за караванот „Силно светнал ден!“, музичко-сценски спектакл кој во повеќе градови треба да ја пренесе приказната за 35 години од независноста на Македонија.

Во Охрид синоќа, на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, организиран по повод одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија, но на сцената македонското знаме наместо осум имаше 12 краци.

Настанот треба да кулминира на 8 септември во Скопје, а првиот спектакл е закажан за вечерва, во салата „Билјанини извори“ во Охрид. Караванот со својот мултимедијален настап треба да посети 11 градови, до последните настани во Скопје, меѓу кои и настапи на легендите на електронската музика Пол Ван Дајк, Пол Окенфол и завршниот концерт на  Дејвид Гета на скопскиот стадион на 8 септември.

Претходно, на 4 септевмри е планирано на една сцена да настапат повеќе од 120 уметници.

https://www.facebook.com/share/v/1GckB1jpMB/?mibextid=wwXIfr

https://www.facebook.com/share/v/1GckB1jpMB/?mibextid=wwXIfr

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1