Видео: Ова е Шефије која по 17 год затвор доби помилување – го уби и искасапи мажот со електричен нож за леб


По дури 17,5 години поминати во затвор, 71-годишната Шефије Јакупи од селото Зајас, Кичево, доби помилување од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, со што казната и се намалува за 1 година и 6 месец. Бидејќи оваа зтвореничка беше осудена на 20-годишна затворска казна, ова значи дека набрзо таа ќе излезе на слобода.

Screenshot

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека 71-годишната Шефије Јакупи од кичевското село Зајас, која 17,5 години поминала во затвор за убиство на сопругот, заслужува остатокот од животот да го помине на слобода.

Сиљановска-Давкова посочи дека при одлуката се водела од препораките на ГРЕКО и на Советот на Европа, според кои осудените лица имаат право последните години од животот или длабоката старост да ја доживеат на слобода. Таа нагласи дека, иако во пресудата се наведува дека станува збор за сурово убиство, случајот мора да се разгледува и во контекст на долгогодишното насилство на кое, како што рече, Јакупи била изложена.

– Многупати го прочитав делото дека се работи за сурово убиство, но веројатно јавноста знае дека таа жена била подложена на продолжено кривично дело фемицид подолго од 35 години. Затоа мислев дека јас како жена морам да имам разбирање за еден живот што од утро до вечер бил исполнет со насилство. Се разбира јас сум сега претседателка, имам можност за помилување и мислев дека навистина оваа жена, особа, мајка, сиот живот тероризирана сопруга, заслужува на слобода, како што самата изјавила, дека многу би сакала крајот на животот или староста да ја доживее на слобода, дека го заслужува тоа – изјави Сиљановска-Давкова.

Според неа, се работи за личност која е најдолго во затворот.

– Таа е човечко суштество, отслужила многу, а мислам дека од мене заслужува разбирање. Мислам дека секоја друга жена на моето место, како претседателка би го сторила истото – подвлече Сиљановска-Давкова.

Од животната приказна на оваа старица на моменти се заледува крвта. Таа говореше и пред камерите за емисијата Скен во рамки на документарната емисија ,,Жени зад решетки,, на авторката Анита Петровска Рајковиќ.

https://youtu.be/7deEJGhxHD0?si=J89JxCTE7p_D56yj

Кога имала 18 години ја омажиле со стројници за 24-годишниот Абаз, првпат се виделе на венчавката, и заминале да живеат во Германија.

По 34-години брак, Шефије, едно утро ја зела секирата и го убила сопругот. Откако се уверила дека веќе не дише, го искасапила со електричен нож за леб. Поголемиот дел од остатоците од телото ги спакувала во црна вреќа, која ја фрлила во контејнер. Поситните делови од телото, ги фрлила во веце-шолја. Телото на Абаз никогаш не било најдено, бидејќи завршило во дробалката на камионот за ѓубре. Сведоштво за страшниот чин биле само остатоците што ја затнале канализацијата, во зградата во германскиот град Дизелдорф.

По убиството, жената се вратила во Кичево, а полицијата ја најде во психијатриската болница во Демир Хисар.

,, Кога, пак, ја посетивме во нејзината затворска ќелија наликуваше на напатена и уморна бабичка. Не се жалеше на условите во затворот и третманот но рече дека неможе веќе да издржи и сака да излезе,, раскажа новинарката Анита Петровска Рајковиќ која е автор на документарната емисија снимена во женскиот затвор Идризово.

По извршеното злосторство и сокривањето на трагите, таа се вратила во Кичево. На 3 јануари, нејзината сосетка, без да знае што сторила, ја однела во психијатриската болница во која се лекувала и претходно, со параноидно депресивни симптоми.

Осудена е првичнп на 15 години затвор, а Апелација ја зголеми казната за уште 5 години. 

Шефије, која има најдолг стаж во женскиот затвор, речиси две децении не стапнала надвор од ѕидините, а нема ни посети. Децата, двете ќерки и син, ѝ живеат во Германија, а една од ретките посети ја имала во 2019 година.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1