ОД МАРТ ДИРЕКТНИ ЛЕТОВИ ОД СКОПЈЕ ДО ДУБАИ 


Директна авионска линија меѓу Скопје и Дубаи ќе биде воспоставена во март 2027 година, со три лета неделно. Договореното го потврди министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по средбата со главниот комерцијален директор на авиокомпанијата „Флајдубаи“, Хамад Обаидала, во Обединетите Арапски Емирати.

„На средбата беше официјално потврдено дека од март Флајдубаи ќе воспостави директна авионска линија Дубаи–Скопје, со три лета неделно“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Муцунски оценил дека директното поврзување со Дубаи е „конкретен резултат од активната економска дипломатија и заложбите за подобра меѓународна поврзаност“.

Министерството ја истакнува и улогата на македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати, која со „посветена и континуирана работа во изминатиот период“ придонела за воспоставувањето на линијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1