Викендов се враќаме на зимско сметање на времето


Ноќта меѓу сабота и недела, на 25 октомври 2026 година, започнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовниците ќе се поместат еден час наназад. Промената ќе се случи во недела во 3 часот по полноќ, кога часовниците ќе се вратат на 2 часот. Со тоа завршува периодот на летно сметање на времето, а зимскиот режим ќе остане на сила до последната недела во март 2027 година.

Со враќањето на зимското сметање на времето, сонцето ќе заоѓа еден час порано според часовникот.

Зимското сметање на времето ќе трае до недела, 28 март 2027 година, кога часовниците повторно ќе се поместат еден час нанапред.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1