Пукање во Гостивар – Застрелан маж


Шеесет и двегодишен гостиварец утрово е застрелан во неговиот автомобил на кејот на реката Вардар.

policija-lenta-540x312

Според првичните информации, станува збор за Ф.С. од Гостивар. Во него најверојатно е пукано од автоматско оружје околу 6 часот откако претходно со голем контејнер му било попречено движењето.

Откако застанал, непознатиот испукал повеќе куршуми низ стаклото на автомобилот. Истрелите ги вознемириле жителите на околните куќи и згради кои набрзо се јавиле во полиција и јавиле за настанот.

Во тек е увид и се работи на откривање на мотивите и причините кои довеле до убиството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1