Дури 70 отсто од џихадистите кои војувале во Сирија се заразени со СИДА


Дури 70 отсто од џихадистите кои војувале во Сирија и во северен Ирак се инфицирани со опасни полови болести, а околу 30 отсто од нив се заразени и со СИДА

Ова, како што пренесува приштинскиот весник „Експрес“, стои во извештајот на болницата „Медиал Парк“ во турскиот град Газиантеп.hiv sidaВесникот наведува дека доктор Баран Јилмаз, специјалист од турската болица „Медиал Парк“  од градот Газиантеп, потврдил дека идентификувал многу случаи на опасни полови преносливи болести  кај членовите на терористичката организација Исламска држава во Ирак и Левантот (ИДИЛ), кои се контролираат во оваа болница  лоцирана во близина на границата со Сирија.

Според извештајот на докторот, доставен до Управата на болницата, дијагностицирани се случаи, кои потврдуваат дека 70 отсто од џихадистите кои војувале во Сирија и во северен Ирак се инфицирани со опасни полови болести. Тоа, како што се констатира во извештајот, е последица на некористењето заштитни средства при сексуален однос, стои во написот на „Експрес“.

Од медицинските тестови  кои биле направени произлегло дека околу 30 отсто од џихадистите се инифицрани со ХИВ вирус.

Јилмаз побарал од болничката управа повеќе да не се примаат ранети лица од нивните редови, поради страв да не предизвикаат епидемија на СИДА и други полови заболувања, а веќе заразените џихадисти да се однесат во карантин.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1