Оваа жена донира дел по дел од своето тело


Сју Џанстефани има 47 години и до сега ги донирала својот бубрег, дел од црниот дроб и јајце клетки, а планира да донира и бел дроб. Оваа жена има огромно срце бидејќи ги донира органите без кои може да живее.

64156_suegianstefani_630x0-1-300x199Сју прв пат донирала орган во 2001 година кога не било легално да се даде бубрег на непознато лице. Тогаш закачила оглас на интернет дека дава бубрег и тоа бесплатно. Се јавил шеесетгодишник од Колорадо кој денеска, благодарејќи на Сју, се уште е жив и во одлична здравствена состојба. Кога се прочуло за ова хумано дело, на Сју и се обратил пар од Австралија кој не можел да има деца, по што таа им донирала 27 јајце клетки.

Минатиот декември Сју го спасила и животот на двегодишно девојче кога и поклонила дел од својот црн дроб. Сега најхуманата жена на светот сака да донира и бел дроб, но бидејќи тоа не е дозволено во Англија, таа планира да ја направи операцијата во Америка.
– Пријателите и семејството не ја разбираат мојата одлука, но јас никогаш нема да се покаам. Јас го менувам животот на другите и чувството е фантастично. – Изјавила Сју.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1