Нe фаќа врски за на лекар – Претседателот на Уругвај си чека на ред


Претседателот на Уругвај, Хосе Мухика, повторно ја воодушеви светската јавност. Фотографиран е како трпеливо чека ред за лекарски преглед во преполна чекална на една државна болница.

Кај него, очигледно, не важи правилото дека шефот на државата треба да има посебен третман или „врски за преку ред“. Ваквото однесување не е изненадување за неговите сонародници. 79- годишниот Хосе Мухика, кој е познат како најсиромашниот претседател на светот, води најобичен и скромен живот.

president

Вози стара „буба“ и често знае да засука ракави и да им помага на соседите во домаќински работи. За да им помогне на граѓаните и економијата тој се откажал од 90 отсто од платата и за себе зема само 10 отсто.

Hose-Muhika-2-630x496Од 12.500 долари, зема само 1.250 долари. Вели дека толку му се доста за животни трошоци. Неговата жена е сенатор и исто како и нејзиниот сопруг дава дел од својата плата.

Живеат на село, во скромна куќа и одгледуваат животни. Одбиваат да живеат во претседателската палата.

Освен што не живее таму, тој една зима наредил палата која изобилува со раскош да им се отвори на бездомниците, кои немаат каде да презимат, како би го преживеале екстремниот студ таа година.

Претседателот нема банкарска сметка, нема заштеди но нема ниту долгови. Тој е вистински пример за своите сонародници и ја ужива нивната почит. Уругвај важи за земја со најмала стапка на корупција во светот.

Најсиромашниот претседател во свет – политичар за пример (Фото)
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1