Се разведе пред само 2 месеци: Бора Чорба се вери со 22 години помлада Словенка


Бора Ѓорѓевиќ кој од сопругата Александра се разведе пред два и пол месеци веќе е подготвен за трет брак. Тој за време на одморот на Малдивите, каде биле две недели ја побарал за жена, но ги крие нејзиниот идентитет и деталите врзани за свршувачката.

bora-630x354– Си реков себеси дека не сум уште за фрлање. Одлично се забавуваме на Малдивите. Таму бев со млада свршеница и навистина уживав. Имавме базен во близина на бунгаловот, но јас се капев во океанот. Сакам да се фотографирам, па можете да видите колку е таму убаво. Бунгаловите се поскапи, дневно чинат по 200 евра, па не бев таму, но сосема сум задолволен со апартман на брегот. Бевме сместени на еден од 1.200 острови кои го сочинуваат архипелагот Малдиви. До главниот град Мале се лета со хидроглисер, и тоа е особена атракција. Испробавме и да ловиме риба, свршеницата улови две, јас четири риби. Тоа беше рекорд во групата во која бевме. Локалните жители потоа тие риби ги испекоа на скара и убаво се најадовме– вели Бора.

На неговата рака има нова тетоважа на млада жена, но тој вели дека таа тетоважа не е направена на Малдивите, туку во Белград.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1