Силен ветер искорна 500 години стар даб кај Ниш (Видео)


Силниот ветер што изминатата ноќ предизвика сериозни штети во делови на Србија, го искорна и популарниот „Павловиќев даб“ во селото Горна Трнава во близината на Ниш

drvooo500Како што јави Танјуг, дрвото, кое е старо повеќе од 500 години, беше ставено под заштита на државата.

Работна група од претставниците на локалната самоуправа и Институтот за заштита на животната средина го посетија местото на откорнатиот даб со цел да ги проценат штетите.

Невремето кое минатата ноќ го зафати регионот на централна Србија предизвикало и големи штети на земјоделските насади, како и на повеќе куќи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1