Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун вчера во Кенија посвои шестмесечно младенче од лав. Младата лавица ја нарекол Тумаини, што на кенискиот јазик кишвахили значи „надеж“. Младенчето било пронајдено напуштено во Националниот парк Најроби и ќе биде одгледувано со азилот за напуштени животни во Најроби.
70-годишниот Мун изразил надеж дека луѓето ширум светот ќе може да живеат во склад со природата.
Генералниот секретар на ОН е во дводневна посета на Кенија каде неделава се завршува еколошкиот самит под покровителство на ОН за заштита на животната средина. Повеќе од 1.200 учесници од 193 земји членик на ОН поминаа недела дена во Најроби каде е седиштето на агенцијата на ОН за програма за живтоната средина.
Toj изразил надеж дела земјите членки на ОН ќе усвојат спогодба за климатските промени на формалните разговори кои ќе се одржа во декември во Лима, Перу.