Некој забегуваат со фубалот – отворена клиника за лекување на “фудбалска треска”


Во Кина е отворена клиника за лекување на “фудбалска треска”. Кинеските лекари имаат работа со сосема нова болест во нивната земја – синдром Светско првенство.

brazil-620x264Тоа е комбинација на замор, несоница и вознемиреност што ги чувствуваат навивачите гледајќи ги натпреварите на Мундијалот 2014, главно предизвикани од временската разлика меѓу Кина и Бразил.

Во градот Ченгду на југозападниот дел на Кина постои и прва клиника за лекување на тој синдром. Според зборовите на лекарот од таа болница над илјада луѓе имаат пореметување на сонот, зашто во “глуво доба” стануваат од кревет за да ги гледаат фудбалските натпревари. Освен тоа, чувствуваат стомачни грчеви, губење апетит, анксиозност и параноја.

Лекарите во текот на Мундијалот мораат да делуваат 24 часа и ги лекуваат дури и психолошките проблеми во врска со хистеријата што ја предизвикуваат некои натпревари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1