Чекајќи ја невестата на вратата пред црквата, младоженец од Бразил умрел од инфаркт. Марсело Теишеира (35) две години имал проблеми со срцето, а венчавката требало да биде во Таубатеу, 150 километри од Сан Паоло.
Невестата, Рената Роша (37) веќе била во венчаница, кога и се јавиле роднините и ја повикале веднаш да дојде во болница, бидејќи на младоженецот му се слошило.
Таа после рекла дека знаеле дека неговата состојба е лоша и дека лекарите, кога ја констатирале болеста пред две години, му предвиделе само една недела живот.
Рената и Марсело се познавале пет години, а заедно живееле три.