Светски популарната серија снимена по серијалот книги „Песна на мразот и огнот“ идејно се темели на Југославија, пишува шеговитиот Њуз бар. Некој дури и направил карта на поранешна Југославија, но наместо вистинските држави, ги поставил куќите од популарната серија Game of Thrones. Прочитајте како не гледаат нас – која куќа е Македонија?
Писателот Џорџ Р.Р. Мартин често историјата на јужните Словени му служела како водилка во понатамошното обликување на светот Вестерос се вели во оваа интересна компарација за фановите на оваа серија
Еве кој би бил кој
Ланистерови – Словенија – русокоси, богати, мислат дека се подобри од другите.
Тајрел – Славонија и приморјето, богата и плодна земја, никогаш не се на власт, но секогаш се пресуден фактор.
Грејџој – Далмација, луѓе што се почитуваат само себеси, другите ги сметаат за послаби, луѓе од морето, историски гусари.
Вејл – Црна Гора, планински одвоен дел, неосвоив, чудни семејни односи, соколот како симбол.
Дорн – Македонија, југ, сонцето им е симбол, секогаш биле одвоени од остатокот, црномурни убави луѓе.
Баратеони – делови од Босна и Херцеговина, големи среќни луѓе, спремни да се напијат и да се најадат, храбри и стројни, Неум е Стормс Енд, излез на море. Роберт е како Тито, по неговата смрт почнува распадот на единството.
Старк – Србија, земја на волците, древните јунаштва. Белград е Белото пристаниште, Косово е Ѕидот. Од другата страна живеат Дивите.
Таргериен – Караѓорѓевиќи, кралско семејство во прогонство, младата Денерис е принцезата-престолонаследничка.
Риверлендс, Тали – Војводина, неутрална земја, секогаш зафатена со војна.