Ване Цветанов ослободен од „Шпион“


На денешните завршни зборови за случајот “Шипон”, обвинитеството направи неколку измени во кривичните дела на обвинетите.

Едно од нив се однесува на поранешниот директор на Управата за перење на пари, Ване Цветанов, според кое тој е ослободен од обвинението за шпионажа, а ќе одговара за делата злосторничко здружување и злоупотреба на државна и воена тајна.

Обвинителството, откако ги презентираше наодите од претходните рочишта, побара од Судот, да ги прогласи сите обвинети за виновни и да им изрече затворска казна според законите.

cvetanov-stojkov bozinovski

Еленко Миланов, адвокатот на главниот осомничен, Марјан Ефремов, вели дека најголема забелешка до обвинителката било тоа што обвинетите немале можност да ја слушнат анализата од доказите.

„Моја најголема забелешка е тоа што обвинетите немаа можност да ја слушнат анализата од докази, која како што кажа обвинителката е на 157 страни. Во неа се утврдени фактите, и обвинетите преку неа ќе можат да се запознаат за докаите кои се однесуваат на нив. Доколку оваа анализа на „усб“ или на маил им биде пратена да ја разгледаат, тогаш тоа би било коректно“, вели адвокатот Ефремов.

Според обвинителството, Марјан Ефремов е „мозокот“ на мрежата што шпионирала за странски разузнавачки служби, а истовремено се занимавала со уценување, измами и изнуди. Ефремов бил вработен во Агенцијата за разузнавање, но во 2009 година, откако добил отказ, според обвинението, формирал злосторничка група во која влегле поранешни или сегашни вработени во УБК, Јавна безбедност, Агенцијата за разузнавање, воената полиција, Државниот архив и сопственици на медиуми.

Освен Ефремов,на обвинителната клупа седнаа 18-мина. Надвор од овој судски процес останаа сопственикот на интернет порталот „Буре весник“ Зоран Божиновски, кој е во екстрадиционен притвор во Србија, како и Борис Перков од Велес, кој беше во екстрадиционен притвор во Чешка. ЈО за нив ја прекина истрагата, но не се откажа од прогонот.

Србија сè уште не ѝ одговорила на Македонија по барањето за екстардиција на Божиновски, а Перков пред неколку месеци беше екстрадиран од Чешка, но само за делото злосторничко здружување, па дополнително се чека дали Чешка ќе одобри на Перков да му се суди и за шпионажа.

Инаку, судскиот процес „Шпион“ е за првата шпионска афера во земјава. Завршните зборови на обраната ќе се одржат на 8-ми, 14-ти и 15-ти овој месец.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1