Бесплатен фитнес за граѓаните на Скопје


Град Скопје продолжува со релизација на  проектот „Бесплатен фитнес за граѓаните на Скопје“ под мотото „Вежбаме, здрави сме“ со цел подобрување на здравствената состојба на граѓаните на Скопје.

fitnes skopjeБесплатниот фитнес се реализира во соработка со велнес тренерите од здружението на граѓани Студио Актива.

Денеска вежбањето ќе се одржи во Градски парк партер 1 – на просторот пред „Школка“, додека редовните термини во иднина ќе бидат два пати во неделата секоја среда и сабота со почеток од 18:30 часот, на Градската плажа „Парк“.

Сите заинтересирани граѓани на Скопје, во дадените термини, бесплатно ќе можат да вежбаат фитнес, зумба, аеробик и милитари тренинг на кејот до ракометарското игралиште на песок при Градска плажа „Парк“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1