Цел Суд искршен, повредени полицајци и вработени


Како што беше најавено на социјалните мрежи, денеска по петочната молитва голема група на граѓани, незадоволни од пресудата во случајот „Монструм“ тргнаа од пред Јаја Паша џамијата во Чаир кон скопскиот Кривичен суд.

Иако голем кордон на полицајци ја обезбедуваше групата на демонстранти, масата со албански знамиња и исламски обележја скандираше „Алах Акбар“ и „УЧК“ и ги каменуваше зградата на Судот и полицајците.

protest

 

Од Кривичен суд велат дека фасадата е комплетно уништена, искршени се надворешните стакла, судниците и канцелариите се оштетени, а повредени се шест полицајци, како и двајца од вработените во Судот.

Полицијата со шок бомби во моментот ја растерува толпата кон Бит Пазар, велат од Судот.

Според првичните информации најмалку двајца од демонстрантите се приведени од страна на полицијата.

Протестот првенствено беше најавен како мирен, беше организиран преку „Фејсбук“ и не беше пријавен во МВР.

СО КАМЕЊА КОН ПОЛИЦИЈАТА – 2 ПОЛИЦАЈЦИ ПОВРЕДЕНИ – ТОЛПАТА ИСТИСНАТА КОН БИТ ПАЗАР
ХАОС НА ПРОТЕСТИТЕ – ПОЛИЦИЈАТА УПОТРЕБИ ШОК-БОМБИ ПРЕД ОСНОВНИОТ СУД
ДЕМОНСТРАНТИ МАВААТ ПО ПОЛИЦИЈАТА (ВИДЕО)
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1