Неодамнешниот коментар на Самарас за македонскиот јазик, покажа уште еднаш какви се мислењата на двете страни и зошто му е толку тешко на Нимиц да го премости јазот.
Ова во коментар го пишува грчкиот портал „Протагон“ истакнувајќи дека „едната страна бара да остане името кое го има веќе 50-60 години, додека другата, бара тоа да се смени“, пренесува Инпрес.
– Ако соседната земја го задржи своето уставно име, грците веруваат дека постои ризик за словенска окупација. Но, ако се промени името, тогаш, според грчките сфаќања, тој ризик не постои, пишува „Протагон“.
Автор на коментарот е грчкиот новинар и аналитичар Такис Михас, кој е познат по тоа што смета дека Грција треба да го признае уставното име на Македонија.