Тачи бара повторување на процесот за „Монструм“


Државата треба да даде транспарентност, факти, па дури и судската одлука која до ден денес не е јасна и не содржи факти, треба да се објави.

Лидерот на ДПА Мендух Тачи го оцени за некредибилно судењето за случајот „Монструм“. Тачи побара целиот процес да се врати од почеток, а јавноста да има целосен пристап до деталите. Ова барање Тачи им го пренесе и на амбасадорите на Соединетите Американски Држави и на Европската Унија, Пол Волерс и Аиво Орав на одделните средби што ги имаше денеска попладне.

taci7„Државата треба да даде транспарентност, факти, па дури и судската одлука која до ден денес не е јасна и не содржи факти, треба да се објави. Да видиме дали постојат тие факти или не, овој процес се чини не е кредибилен и треба целосно да се врати таму каде што почна“, изјави лидерот на ДПА, Тачи.

Токму ваквиот процес, според Тачи, ја прелеа чашата на проблемите и дискриминацијата врз Албанците со години наназад. Тачи рече дека протестите од последните денови се очекувани и легитимни, но побара од демонстрантите да се воздржат од насилство.

„Нормално дека луѓето треба да протестираат, имаат право да протестираат, но јас би ги замолил во име на партијата, протестите да бидат мирни. Насилните протести одат во прилог на непријателите на Албанците, на тие што им мислат лошо на Албанците“, додаде Тачи.

Тачи побара од ДУИ институционално да ги реши дилемите за судскиот процес „Монструм“, оценувајќи го како дволично досегашното однесување на ДУИ во однос на овој процес и ветувањата кои им биле дадени на роднините на осудените.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1