Портпаролот на МВР Иво Котевски потврди дека се срушил хеликоптер на полицијата.
„Станува збор за полициски хеликоптер и има жртви. Прво ќе бидат известени семејствата, а откако ќе заврши увидот ќе излеземе со официјални информации“, изјави Котевски.
Хеликоптерот кој вечерва се сруши кај кванташкиот пазар во Струмица бил од типот МИ-17 и пренесувал припадници на граничната полиција, јавува МРТ
Причините за несреќата се непознати. Сеуште нема официјална информација за бројот на загинати во падот на хеликоптерот, но неофицијално дознаваме дека четири тела веќе се извлечени од него.
Според информациите пак, на Телма полицискиот хеликоптер летал од Ново Село кон Струмица. Хеликоптерот удрил во антена, изгубил контрола и се срушил. Остатоците од леталото се расфрлани во дијаметар од над 50 метри. Опашката била цела, но, кабината била целосно уништена, јавува телевизијата.
Струмичкиот портал Струмицанет јавува дека хеликоптерот се удрил во 140 метарска антена на Македонското радио и потоа се срушил во нивите, на 100тина метри од компаниите во Индустриската зона
Видео од местото ни испратија читатели на Mknews.mk објавени од очевидци, а видео објави и порталот Струмица Нет
Post by Tome Trajkov.