Месечината утре, кога ќе се појави на хоризонтот на набљудувачите ќе им изгледа огромна, но тоа е само илузија предизвикана од нејзината моментална позиција на небото
Полната Месечина утре, на 12 јули ќе биде невообичаено голема и тоа ќе биде една од ретките можности за набљудување на т.н. супер Месечина.
Тоа е назив за полна Месечина, која „расте“ кога нашиот вселенски сосед се наоѓа релативно блиску до нашата планета. Таа оддалеченост варива, бидејќи сателитот на Земјата следи елиптична орбита.
Кога е полна и близу Земјата, изгледа поголема и посветла од вообичаено.
Месечината утре, кога ќе се појави на хоризонтот на набљудувачите ќе им изгледа огромна, но тоа е само илузија предизвикана од нејзината моментална позиција на небото.