Во Будва во населбата над продавницата „Мегамаркет“ фатен е алигатор, долг околу 80 сантиметри.
Го фатиле припадниците на Службата за заштита и спасување на Будва. Како што изјавиле за Вијести имало доста проблеми додека го фатиле, бидејќи рептилот бегал.
Алигаторот го забележал мештанин кој веднаш ги повикал службите. Алигаторот е однесен во етно-селото „Крапина“, каде угостителот Гојко Божовиќ има рибник и мини зоолошка.