Сега децата неможе да ви избегаат – LG лансираше нараквица за следење на деца


Во Јужна Кореја во четвртокот започна продажба на нараквици за следење на деца со помош на апликација на мобилен Андроид телефон, која што ја лансираше корејската мултинационална компанија LG.

Употребатана нараквицата kizON, која во продажба во Европа и САД ќе биде од есен, претставува едноставна лента која се врзува на раката на детето и е опремена со GPS  сензор поврзан со Андроид апликација, пренесе aktuelno24.mk.

lg narakvica decaНараквицата kizON им овозможуваат на родителите во секој момент да бидат во контакт со детето. Доколку детето не одговара на повикот на родителот, автоматски се активира микрофонот инсталиран на нараквицата така што може да се слушне се што се случува околу детето.

Дететот може да ги повика родителите преку едностравно притисување на копче на нараквицата без помнење на телефонски број.

Нараквицата е програмирана да работи 36 часа без полнење, а кога батеријата ќе падне на 25 отсто од капацитетот пристигнува предупредување на мобилниот на родителот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1