Парното ќе поевтини за околу 10 отсто?


Цените на парното греење од 1 август ќе се намалат и се проценкува дека поевтинувањето не треба да биде помало од 10 отсто. Во Регулаторната комисија за енергетика компаниите што се занимаваат со производство, снабдување и со дистрибуција на топлинска енергија веќе доставија барања за одобрување регулиран приход и таму велат дека ги прават пресметките, така што до крајот на месецот ќе излезат со цените што ќе важат во наредната година, пишува Дневник.

parnoМеѓутоа, со оглед на податоците за ланската година, кои се основа за формирање на цените за оваа година, познавачите велат дека сосема е јасно оти цените треба значително да се намалат. За колкав процент ќе биде корекцијата конечен збор ќе каже РKЕ што меѓу другото ќе зависи и од тоа колкави трошоци за инвестиции ќе бидат вкалкулирани во крајните цени.

Извештајот за работата на Регулаторната комисија за енергетика за лани, кој е доставен на усвојување во парламентот, инаку кажува дека „Балкан енерџи груп“, кој е задолжен за обезбедување топлинска енергија за најголем дел скопјани, лани има произведено за 15 отсто помалку топлинска енергија отколку во претходната година. Притоа, била зголемена потрошувачка на гасот за 15 отсто, а за 90 отсто се намалило користењето на мазутот. Kонечните бројки кажуваат дека вкупните преземени количини на топлинска енергија од топланите и од комбинираната гасна електрана ТЕТО биле помали за 14 отсто, односно испорачаната количина топлинска енергија на корисниците била за 18 отсто помала од 2012 година, што се должи на топлата зима, поради што и компаниите имаат остварено значителни вишоци. За корисниците кои се приклучени на системот „Скопје Север“, пак, испорачаната количина на топлинска енергија била дури за 49 отсто помала отколку во претходната година. Притоа се искористиле за 40 отсто помалку гас.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1