Во пресрет на најстариот и најреномираниот Фестивал на забавни мелодии СКОПЈЕ 2014-та, кој ќе се одржи на 13-ти ноември оваа година, организаторот – Македонската Радио Телевизија објави дека првопласираната композиција ќе ја претставува Македонија на Евросонг 2015.
Едниот од нив е: Првопласираната композиција и изведувач, освен највисоката парична награда, воедно ќе бидат и пакетот кој ќе ја претставува Македонија на најпрестижниот интернационален музички натпревар – Изборот за Песна на Евровизија 2015!
„По спроведената анкета на веб страницата на МРТ изминативе месец и половина, кадешто како Јавен сервис со општествена одговорност го побаравме мислењето на граѓаните за нашето (не)учество или начин на избор на македонскиот претставник на оваа престижна манифестација, евидентниот број на гласачи коишто учествуваа во спроведената анкета беа доста поделени по ова прашање. Но сепак, со огромниот број издржани и конструктивни размислувања од страна на граѓаните, се чини дека јавноста сепак не сака да крене раце од Евровизија и без оглед на се – има верба и желба да ја види Македонија на големата сцена, пред очите на европското семејство и светот!“ – изјави уредникот на културно-уметничката програма на МТВ, Мери Попова.