Синоќа ненадејно почина Даниел Милошевски, еден од сопствениците на „Авалон продукција“, јавува Вистина.мк.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре во капелата на Градските гробишта во Бутел, а погребот ќе биде во 14 часот.
Браќата Даниел и Бобан Милошевски беа едни од најуспешните во областа на шоу бизнисот, не само во Македонија, туку и на Балканот, правејќи ги најголемите концерти на најпознатите домашни, екс југословенски, но и светски ѕвезди.