Неофицијална листа на патиците – меѓу загинатите патници и деца (Видео)


Според неофицијалната листа на патници кои биле во авионот, што наводно е соборен од бунтовниците во близина на руско-украинската граница, имало 143 лица од Холандија, а од Австралија биле 27 патници.

Image_4198052_126Од Малезија имало 20 возрасни лица и две деца, од Индонезија пак 11 возрасни и едно дете.

Во авионот на „Малезија ерлајнс“ кој тргнал од Амстердам, а требало да слета во Куала Лумпур, имало шест Британци, четворица Французи и исто толку Германци, три лица од Белгија и едно од Канада.

Националноста на останатите 58 лица не е наведена на списокот.

Во авионот на Малезија Ерлајнс, кој се урна во источна Украина, најверојатно откако бил ракетиран, имало и 80 деца, објави ОН, повикувајќи се на неидентификувани корисници на Фејсбук.

article-0-1FBA5A8400000578-479_634x345

Информацијата уште нема конечна потврда, но во меѓувреме на Јутјуб е објавено видео со кадри од пасоши на деца.

Малезискиот авион е соборен над источна Украина, при што загинаа сите 295 патници, што уште повеќе го заострува конфликтот помеѓу Киев и проруските бунтовници во кој Русија и Западот заземаат спротивставени страни.

• 154 Dutch nationals

• 27 Australians
• 23 Malaysians
• 11 Indonesians
• Six Britons
• Four Germans
• Four Belgians
• Three from the Philippines
• One Canadian
• All 15 of the crew were Malaysian

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1