Нема повеќе меѓународни возачки за во Србија


VOZACKAМинистрите за внатрешни работи на Македонија и Србија, Небојша Стефановиќ и Гордана Јанкулоска потпишаа меѓувладин договор со кој се признаваат возачките дозволи на двете држави.

Со договорот, возачите од двете држави при патувањето не ќе треба да поседуваат и меѓународни возачки дозволи.

„Овој договор ќе овозможи на граѓаните да минуваат без посебни процедури од една во друга земја“ истакнал Стефановиќ по средбата со Јанкуловска.

Стефановиќ нагласил дека договорот прво мора да биде ратификуван во Собранието на Србија, по што би стапил на сила.

Министерот за внатрешни работи на Србија изразил очекување дека тоа ќе се случи набрзо.

Министерката Јанкуловска потврдила дека договорот има конкретно значење за граѓаните на двете земји, посебно ако се знае дека многу српски државјани транзитираат низ Македонија на пат кон туристичките дестинации.

Со овој договор, возачите од двете држави при патувањето нема да треба да поседуваат и меѓународни возачки дозволи

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1