Актерот Бред Пит иако заработува милиони, покажа дека не им робува на модните марки, па така папараците неодамна го фотографирале со бела памучна маичка со цртеж од неговата четиригодишна ќерка Вивиен.
Бред и неговата долгогодишна партнерка Анџелина Џоли биле фотографирани на аеродромот во Марсеј, а актерот на себе имал многу интересен детаљ. За време на патувањето со авионот, нивната 4-годишна ќерка на белата маичка на Бред ги нацртала него и нејзината мајка Анџелина како се држат во раце облечени во елегантни костими.
Бред горделиво го покажал уметничкото дело на неговата ќерка по излегувањето од авионот.