Не е само спортска, ова е животна среќа за холандскиот велосипедист Мартин Де Јонг кој е член на малезискиот велосипедски клуб TGS.
Кобниот лет за Куала Лумпур со малезискиот авион кој беше срушен во Украина бил пикиран и од велосипедистот Де Јонг кој во последен момент нашол поевтин билет и само поради тоа го сменил летот МХ17 со друг лет за Куала Лумпур.
Холанѓанецот по втор пат избегнува авионска несреќа, медиумите пренесуваат дека планирал да лета и со боингот на Малезиа ерлајнс кој исчезна над Индискиот океан, но тогаш го откажал планираното патување.