Редиците ги создадоа туристи претежно од соседна Србија, како и од неколку други европски земји кои транзит ја минат Македонија на пат кон Грција, патуваат кон Охрид или кон Прилеп на Пивофест.
Овие автомобили и комбиња беа последни во бранот на зголемена фрекфенција на сообраќај што денеска помеѓу 11 и 13 часот се почувствува на патарината Сопот, на автопатот Скопје – Велес.Го создадоа туристи претежно од соседна Србија, како и од неколку други европски земји кои транзит ја минат Македонија на пат кон Грција, патуваат кон Охрид или кон Прилеп на Пивофест, пренесува Канал 5
Туристите странци пак, кои влегле на граничниот премин Табановци рекоа дека чекале дваесеттина минути и уште толку на патарината кај Куманово.
Од ЈП за државни патишта информираа дека во денешниот ден бил почувствуван вториот посериозен бран на патници кој месецов влегол во Македонија на граничниот премин Табановци.
Таму утрово се чекало во просек по еден час.
Иста била состојбата и на граничниот премин Богородица, за излез од Македонија додека гужвата на патарините Романовце, Сопот и Градско била причина за застој не подолг од триесеттина минути. Поради одржувањето на Пивофест во Прилеп, вработените на патарините очекуваат гужва на автопатот и во попладневните часови.
Гужвата ќе се повтори и ноќеска кога ќе се враќаат странските туристи од Грција преку граничниот премин Богородица