Дали некогаш сте се запрашале што треба да се направи со профилите на починатите корисници на Facebook, Gmail, Yahoo и сите останати сервиси на Интернет мрежата?
Токму комисијата за изедначување на прописите, чии членови се назначени токму од владата на федералните држави, усвои план со кој роднините на починатите корисници ќе добијат пристап, но не и контрола над тие налози, освен ако починатиот не напишал тестамент во кој се наведени поинакви одредби.
Всушност, ова е нешто за кое многу луѓе не размислуваат се’ додека не се соочат со таквата ситуација, а своето искуство го пренесе и Американката Карен Вилијамс, која го тужеше Facebook за да добие пристап до профилот на нејзиниот 22-годишен син, кој починал во 2005-тата година во сообраќајна незгода.
Можете ли да замислите каква цена би постинале нечии споделени записи, односно нечиј “дигитален имот” кога би се дал на аукција, во случај да се работи за историски значаен дигитален имот или во најмала рака нешто што било навистина популарно на интернет мрежата.
Профилите на електронската пошта во изминативе години дефинитивно се претворија во наши “дигитални фиоки”. Но, ако понатаму е потребен пристап на таквиот профил (кој бил во сопственост на почината личност), во поголем број држави во САД веројатно и нема да добиете пристап.
Борците за заштита на приватноста пак се скептични во поглед на тоа што го содржи планот. Според нивните зборови, за онлајн пристап на налозите на починатите лица сепак би требало да се бара судско одобрување, со цел да се заштити и приватноста на корисникот и оние со кои тој комуницирал додека бил жив.
Многу луѓе подразбираат дека можат да одлучат што ќе се случува така што одредени лозинки ќе ги поделат со членовите на семејството од доверба или ќе ги направат дел од нивната последна волја.
Меѓутоа, законите за борба против хакирање и поголемите компаниски услови за користење му забрануваат пристап на секој, кој сака да пристапи до туѓ профил.
Тоа значи дека на најблиските на покојникот им е забрането да се логираат на профилите на своите блиски починати луѓе. Сепак, некои провајдери на услуги веќе имаат некакво решение за оваа проблематика.
Facebook на пример, ги претвора профилите на починатите во нивни “дигитални споменици”, со тоа што им дозволуваат на нивните пријатели и понатаму да имаат пристап до фотографиите и објавите на покојникот.
Google пак, кој управува со популарните сервиси Gmail, YouTube и Picasa, нуди своја верзија на решениетo: ако некој подолго време не се најави на својот профил, неговиот кориснички профил се брише или се споделува со личноста која е конкретно одредена за такво нешто.
Корисниците пак на Yahoo, се согласуваат дека после нивната смрт истекува и траењето на нивните кориснички профили.
Tocka.com.mk