Компанијата Malaysia Airlines објавила целосна листа на настрадани патници на кобниот лет MH17, вклучувајќи ги и 15. членови на екипажот, а имињата можете да ги прочитате ТУКА.
Откако Украина и Малезија ги обвиниле проруските сепаратисти дека се обидуваат да ги уништат доказите за наводното злосторство на местото на падот, RIA јавува дека украинските форензичари почнале со истрагата на местото каде се урнал малезискиот авион
Кристофер Милер од Kyiv Post јавува дека најмалку 60 тела биле “спакувани” во црни вреќи и чекаат транспорт, но додал дека никој не знае каде ќе бидат одведени.
Guardian пишува дека “истражната бригада” на проруските сепаратисти ги преместува телата од местото на несреќата, а засега не се знае каде се носат. Подоцна се појавила информација која вели дека телата се пренесуваат во Доњецк.
Украинската влада соопштила дека примила информации за кражба на разни предмети, вклучувајќи и пари и накит, и ги повикала роднините на настраданите да ги откажат кредитните картички на жртвите.
Екипа на CNN која се наоѓа на местото на настанот не забележала знаци на кражба.