Две девојчиња се пронајдени мртви откако се загушиле во фрижидер кај нивната баба, играјќи криенка.
Роднините Ања Лоушкина(4) и Вика Лоушкина од рускиот град Новгорд одлучиле да се скријат во фрижидерот на нивната баба играјќи си криенка со неа, сакале да ја изненадат.
По неколку часа подоцна, старицата забележала дека девојчињата ги нема па тргнала да ги бара во куќата и надвор од неа. Набрзо потоа се шокирала откако нивните тела ги пронашла во фрижидер, јавува „ Дејли Стар“.
-Девојчињата влегле во фрижидер и ја затвориле вратата, но немале сила повторно од внатре да ја отворат за да излезат надвор, истакна портпаролот на полицијата. За жал нивната баба си работела внатре и мислела дека девојчињата се надвор и си играат и не сакала да ги вознемирува.
Поминале неколку часа откако старицата приметила дека девојчињата ги нема. Кога ги пронашла, за жал тие веќе биле мртви. Родителите на девојчињата за целото тоа време биле на работа.